Чулев сака да ги награди вработените во МВР со по 15.000 денари

Министерот за внатреши работи Наќе Чулев преку неговата официјална Facebook страница им се заблагодари на вработените во МВР кои даваат исклучително голем придонес во справување со пандемијата со COVID-19.

Тој исто така извести дека денеска ја потпишал и ќе ја достави до Владата уредбата со која се предвидува награда од 15.000 денари линеарно и еднократно за секој од нив.

„Уредбата ги опфаќа сите полициски службеници, вработените во управните служби и останатиот административен персонал во Министерството за внатрешни работи кои целиот овој период неуморно и пожртвувано даваат се од себе во првите редови во справувањето со коронавирусот“, напиша Чулев.

Понатаму тој вели дека нема „никаква дилема дека тие со својот труд и ангажман го заслужуваат ова“ и дека очекува Владата на првата наредна седница да ја усвои оваа уредба.

„Здравјето и животот на вработените се наш исклучителен приоритет и цврсто сме посветени на процесот на вреднување на нивниот придонес во остварување на целите на Министерството за внатрешни работи“, додаде Чулев.

реклама

Македонија

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Read more

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Read more

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Read more

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Read more
 

Вести

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Читај повеќе

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Читај повеќе

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Читај повеќе

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Читај повеќе

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Читај повеќе

Левица: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Читај повеќе

Европски фронт: Очекуваме голема, историска победа, тоа го потврдуваат информациите од терен

Читај повеќе

Две лица од Скопје го искинале гласачкото ливче, неколкумина го фотографирале

Читај повеќе
  • filter

Максим Димитриевски: Народот одлучува за иднината на Македонија

Читај повеќе