Цистерната „темпирана бомба“ во ОХИС ќе се изнесе од државата

Министерството за животна средина и просторно планирање ги демантира информациите кои деновиве беа објавени на социјалните мрежи во врска со опасноста од цистерната во која што е складиран отпаден винил хлорид мономер во кругот на поранешната фабрика ОХИС.

Состојбата на спорната цистерна, која корисниците на социјалните мрежи ја нарекоа „темпирана бомба“, се актуелизираше по смртоносната експлозија во Бејрут за која постои сомневање дека се случила поради несоодветно складиран и чуван амониум нитрат.

 

ЕДИТ: пред да се истрчувате и да коментирате, запазете дека постов почнува со feeling sad 😔 Додека сте насекирани за...

Posted by Nenad Lazarov on Wednesday, August 5, 2020

 

URL

„На 29 јули 2020 година, Држаниот инспекторат за животна средина објави целосен извештај од извршени инспекциски надзори во правниот субјект Еко центар 97, Скопје, во врска со реализација на проектот за безбедно отстранување на хемиски материи од локации и производни погони на АД Охис - Скопје, која и МЖСПП ја сподели на своите комуникациски канали“, посочија од Министерството.

Од МЖСПП ги споделија клучните информации од Извештајот, меѓу кои и дека е обезбеден висок степен на безбедност на цистерната со инсталирање на систем за ладење кој е поставен за да се одржува температурата на цистерната согласно правилниците за чување на ваквиот вид на хемикалија во сад под притисок.

„За преточување и дислоцирање на винил хлорид мономер Екоцентар 97, Скопје има ангажирано повеќе подизведувачи кои што заедно работат на комплетно решавање на проблемот и тоа: потпишани се договори со правен субјект-Инсенератор (печка за палење отпад) од Германија (SUEZ Sonderabfallgesellschaft mbH, Schkopau, Germany), со компанија специјализирана за преточување на ваков тип на опасен отпад од Франција (Curium S.A.S., Montagny, France), и со транспортна компанија од Бугарија која што ги има сите потребни дозволи за транспорт на опасен отпад низ земјите на ЕУ“, стои во Извештајот.

Имено, како што наведоа од МЖСПП, според Извештајот, планираната посета на инженерите од Curium од Франција и Италија која што требаше да се реализира во втората седмица од месец март 2020 година, морала да биде одложена поради глобалната пандемија на COVID-19 со која што беше зафатена и нашата земја и затворањето на граничните премини.

„Исто така, набавени се и веќе се пристигнати 2 (две) цистерни со специјализирана намена за складирање и транспорт на винил хлорид мономер во кои ќе се преточува отпадниот винил хлорид мономер и ќе се транспортира до крајната дестинација - Инсенераторот во Германија (SUEZ Sonderabfallgesellschaft mbH, Schkopau, Germany). Во моментов, согласно препораките добиени од страна на консултаните од нашата земја и од странство, како и од компанијата преточувач Curium S.A.S., Montagny, France во наредните 2 (два) до 3 (три) месеци нема да има можност да биде направено преточувањето, од безбедносен аспект поради високите температури кои се актуелни во летниот период“, нагласија од Министерството.

Тагови
реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Македонија

Ангелов за ДУИ: Со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме на буништето на историјата

Read more

Пендаровски победи во три општини, а Таварари и Димитриевски само во општините кадешто се градоначалници

Read more

Силјановска Давкова против Пендаровски во вториот круг

Read more

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините со повремен снег

Read more
 

Вести

Таткото на Вања ќе оди во куќен притвор, Врховниот суд му ја уважи жалбата

Читај повеќе

Ангелов за ДУИ: Со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме на буништето на историјата

Читај повеќе

Русија стави вето на Советот за безбедност на ОН против забраната за оружје во вселената

Читај повеќе

Пендаровски победи во три општини, а Таварари и Димитриевски само во општините кадешто се градоначалници

Читај повеќе

Силјановска Давкова против Пендаровски во вториот круг

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Драма во Париз: Падна симболот на Мулен руж

Читај повеќе

Пасоши за военоспособните мажи ќе се издаваат само во Украина

Читај повеќе
  • play_arrow

Гулабарник или ЕУ?

Читај повеќе
  • filter

Нови воени мапи за пробивот на Русите во Украина: Пандорината кутија е отворена

Читај повеќе