Classic Recreations откри карбонска каросерија на Cobra тешка само 40 килограми

Американската компанија Classic Recreations подготвува ултралесна реплика на познатата Shelby Cobra од 1965 година, која ќе биде придвижувана од 5-литарскиот V8 мотор на Ford со 800 коњски сили.

Classic Recreations од Оклахома (САД), со одобрение на Shelby, подготвува реплика на двоседот Cobra од 1965 година, чија каросерија е направена од јаглен и тежи само 40 килограми.

Не се знае колку полесна ќе биде комплетираната Cobra Diamond Edition од оригиналната верзија која тежеше нешто помалку од 1.000 килограми, но познато е дека ентузијастите од Оклахома ќе направат само 10 примероци кои ќе можат да се користат само на патека.

Идните сопственици на Cobra, која сигурно би му се допаднала и на легендарниот Тексашанец Керол Шелби, за 1,2 милиони долари ќе добијат автомобил придвижуван од третата генерација на 5-литарскиот мотор на Ford (Coyote), кој развива 800 коњски сили со помош на механички компресор.

За пренос на силата на задната оска со независно потпирање е задолжен 6-брзинскиот мануелен менувач T56 на Tremec, а за соодветно сопирање ќе се погрижат сопирачките од полиците на познатата компанија Wilwood.

Со откривањето на карбонската каросерија која овојпат нема да биде на цевчеста рамка, основачот на Classic Recreations, Џејсон Ејнџел, гордо истакна дека научил многу од несебичниот креатор на оригиналната Cobra, Керол Шелби (кој секогаш инсистираше на што повеќе „коњи“ во најлесна можна средина) чиј потпис ќе ја краси кабината на најновата реплика на CR.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Едно цвеќе е идеално за балконите кои повеќе се во сенка

Read more

Симптоми на висок крвен притисок кои се јавуваат за време на спиењето

Read more

Концепти

Новиот хиперавтомобил на MG забрзува до стотка за 1,9 секунди

Read more

Поблиску до ѕвездите со концептот Chrysler Halcyon

Read more

Hyundai на 4 нозе: Електромобилот изгледа како од филм, но производителот има сериозни планови

Read more

Porsche 911 Turbo S на TechArt развива 790 КС

Read more
 

Автомобили

  • filter

Не е грешка: Dacia Duster носи ознаки на Renault

Читај повеќе
  • filter

Defender Octa: Тенк на терен, ракета на пат

Читај повеќе

Новиот хиперавтомобил на MG забрзува до стотка за 1,9 секунди

Читај повеќе
  • filter

Врвна прецизност и динамика: претставен новиот Cayenne GTS

Читај повеќе

Дали амонијакот може да биде алтернатива на фосилните горива?

Читај повеќе

Богати до небо: Колку заработува автомобилската индустрија?

Читај повеќе
  • filter

Mazda SUV CX-80: Три реда седишта и за клиентите во Европа

Читај повеќе
  • filter

Први фотографии: Новиот Citroën C3 Aircross има 7 седишта

Читај повеќе

Пад во продажбата на автомобили, производителите го преиспитуваат укинувањето на бензинците

Читај повеќе