Капсулата Crew Dragon на SpaceX успешно се спушти на Земјата, во близина на Флорида во Мексиканскиот залив.
Астронаутите Даглас Харли и Роберт Бенкен минаа два месеца на Меѓународната вселенска станица по пристигнувањето со ракетата Falcon на SpaceX.
Вчерашното враќање е историско бидејќи астронаутите се вратија на Земјата со помош на компанијата SpaceX, што е првпат една приватна компанија да учествува во безбедно враќање на астронаути од орбитата.
Астронаутите со себе носеа 150 кг товар научен материјал. Капсулата не се спушти директно со слободен пад, туку кружеше околу нашата планета со постепено намалување на висината, а потоа следеше 60-минутна адаптација на астронаутите.