„Црнила“ на Чашуле во хип-хоп изведба, премиера на Здраво Млади

Младинскиот културен центар најави премиера на претставата „Црнила ремикс“ по идеја и режија на Јордан Симонов во рамки на осмиот фестивал Здраво Млади кој ќе се одржи на 1 септември.

„'Црнила ремикс' е едно поразлично видување на класичното драмско дело на Коле Чашуле ставено во контекст на урбан хип-хоп албум. Музичко-драмски перформанс со несекојдневен пристап, со специфична актерска изведба, кој низ оригиналните препев и музика на 'Зад аголот' не носи во еден нов сублимат помеѓу драмата и хип-хоп супкултурата“, соопшти МКЦ.

Музиката и препевот се на Дарко Димитриески и Павле Димковски од „Зад аголот“, сценограф и костимограф е Илина Ангеловска, а улогите ќе ги играат: Стефан Вујисиќ (Луков), Александар Михајловски (Фезлиев), Владимир Петровиќ (Иван), Горан Ников (Методи), Ненад Анѓелковиќ (Младичот), Сања Арсовска (Неда) и Павле Димковски (Христов).

На годинашниот фестивал Здраво Млади ќе настапат изведувачи од САД, Англија, Ирска, и Србија, а од Македонија учесници ќе бидат Палиндром, Donplaya X Bon Praskiza, Druggy и Ogie x Petr. На еднодневниот фестивал што го организира МКЦ ќе има и пладневна програма за најмладите со настап на 5+ Бенд. 

Билетите за фестивалот може да се набават во продажната мрежа на МК Тикетс и на билетарницата на МКЦ.

реклама

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Се степале вработени во болница во Карпош

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Култура

Госпоѓиците од Авињон на сцената на Националната опера и балет

Read more

Коле Ангеловски: Театрите се распаѓаат, а ние финансираме фестивали во други држави

Read more

Ива Петреска ја промовира дебитантската стихозбирка „Песнило“

Read more
26 март 1901, роден е македонскиот сликар Лазар Личеноски

26 март 1901, роден е македонскиот сликар Лазар Личеноски

Read more
 

Вести

Госпоѓиците од Авињон на сцената на Националната опера и балет

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот

Читај повеќе

Села оди во коалиција со Ахмети

Читај повеќе

Македонија треба да ѝ врати 2,2 милиона евра на Европската комисија - биле злоупотребени преку Еразмус+

Читај повеќе

Хоспитализирана 71-годишна скопјанка, jа нападнале две лица

Читај повеќе
  • play_arrow

Апасиев: НАТО не носи демократија, НАТО е кршач на меѓународното право и Повелбата на Обединетите нации

Читај повеќе

Во Франција за Велигден ќе биде распоредена полиција пред секоја црква

Читај повеќе

Расправија за паркинг во Аеродром прераснала во голема тепачка

Читај повеќе

Се степале вработени во болница во Карпош

Читај повеќе