Црвена звезда јубилејниот роденден ќе го прослави во жолти дресови

За да ја прослават 80-годишнината од формирањето на клубот, фудбалерите на белградска Црвена звезда својот лигашки натпревар против Спартак в недела ќе го одиграат облечени во историски жолти дресови, кои по натпреварот ќе бидат понудени на аукција.

Жолтите дресови претставуваат важен дел од клупската историја, а оние што играчите ќе ги носат на неделниот натпревар ќе бидат единствените со броеви од 1 до 11, без презимињата на играчите, што ги прави единствени и симболични.

„Ги потсетуваме сите членови дека приоритетната продажба на жолтите дресови е во тек и дека до петок најверните играчи на Звезда ќе имаат можност да ги обезбедат пред сите други, на клупската веб-страница. При купувањето мора да го внесете бројот на вашата членска картичка и имајте предвид дека бројот на дресови е ограничен“, извести клубот.

Од клубот потенцираат дека серијата е ограничена на само 500 примероци.

„Интересот за овие уникатни жолти дресови, кои сочинуваат важен дел од историјата на клубот, е исклучително голем. Достапни се само 500 дресови, а секој од нив е уникатен, со посебна етикета и нумерација 2/500, 3/500…. Дресовите ќе бидат вистинска реткост и совршен начин да се одбележи 80-годишнината на клубот“.

Важно е да се напомене дека бројот 1/500 ќе се чува во клубот, додека броевите на дресовите при купување нема да може да се бираат.

Воедно, сите дресови што се во продажба на грбот го имата бројот 8.

реклама

Фудбал

Селекторот на Шкотска до навивачите: Немојте да се задолжувате за да одите на Мундијалот

Read more

Модриќ со една изјава ги изнервира навивачите на БиХ

Read more

Тупајиќ: Работнички мора многу подобро во пролетниот дел од сезоната

Read more

Која е тајната на најдоминантниот клуб во светот со 96 победи и 0 порази и нерешени резултати?

Read more
 

Спорт

Селекторот на Шкотска до навивачите: Немојте да се задолжувате за да одите на Мундијалот

Читај повеќе

Вечерва ќе се оддржи јубилејната петта Златна Олимпија посветена на најуспешните жени во спортот

Читај повеќе
  • play_arrow

ВТА ја прогласи Сабаленка за тенисерка на годината

Читај повеќе

Модриќ со една изјава ги изнервира навивачите на БиХ

Читај повеќе
  • play_arrow

Ф1 циркузот се враќа во Португалија

Читај повеќе

Тупајиќ: Работнички мора многу подобро во пролетниот дел од сезоната

Читај повеќе

Брејди ја заинтригира НФЛ јавноста: Подготвен сум, би можел повторно да играм

Читај повеќе
  • play_arrow

Револверската пресметка меѓу Јокиќ и Шенѓун отиде кај најдобриот играч во светот

Читај повеќе

Која е тајната на најдоминантниот клуб во светот со 96 победи и 0 порази и нерешени резултати?

Читај повеќе