Црвена звезда си ја бара одземената титула од 1986, Вардар спие за неговата од 1987

Фудбалскиот сојуз на Србија (ФСС) денеска соопшти дека само УЕФА може да одлучи за статусот на титулата шампион на Југославија од 1986 година.

Шампионската генерација на Вардар од сезоната 1986/1987

Црвена звезда во јули годинава поднесе барање за враќање на шампионската титула од 1986 година. Тогаш „Црвено-белите“ наведоа дека „титулата од 1986 година ни деше украдена со одлука на Судот за заеднички работи и доделена на ФК Партизан спротивно на одлуките на Фудбалскиот сојуз на Југославија и УЕФА“.

Станува збор за титулата од познатиот југословенски скандал познат како Шајберово коло (поради Славко Шајбер, претседател на ФСЈ), коло кое беше поништено и потоа преиграно, а сите клубови од „спорните“ натпревари беа казнети со одземање на 6 бодови за наредната сезона 1986/1987. Партизан, кој имаше завршено прв поради подобра гол-разлика од Звезда, беше единстевниот кој  одби преигрување и на крајот загуби со службени 3:0.

Звезда ја освои титулата во таа спорна сезона 1985/1986, а во следната сезона Вардар ја искористи бодовната предност и ја освои својата единствена титула во екс-ју лигата. Двата тима играа во Купот на шампионите како официјални шампиони на Југославија, но подоцна Судот за заеднички работи им ги одзеде титулите и му ги предаде на Партизан правдајќи се дека немало доказ за неправилности во тоа спорно 34. коло што било преиграно.

Вардар ден денес си ја рачуна таа титула, но вистината е дека титулата му е одземена и му се брои на Партизан. Денешната табела за таа сезона вели дека „шампионот“ Вардар заврши на 5-тото место.

„Во последно време во медиумите се појавуваат различни дезинформации во врска со активностите на ФСС, од кои некои неодамна беа демантирани. Новата дезинформација во низата е дека се формира Комисија за правни прашања која одлучува за статусот на титулата за шампион на Југославија од 1986 година. Ова прашање не е за властите на ФСС и суштината на тоа прашање е дека за тоа само УЕФА може да одлучува“, соопштија од ФСС.

Додека Црвена звезда се бори да си ја врати на терен освоената титула, Вардар спие и воопшто не покажал интерес за такво нешто. Сѐ додека не излезе правна одлука, Партизан останува шампион на Југославија за сезоните 1985/1986 и 1986/1987, а Цревена звезда и Вардар не можат самоиницијативно да си ги присвојуваат титулите.

реклама

Фудбал

Селекторот на Шкотска до навивачите: Немојте да се задолжувате за да одите на Мундијалот

Read more

Модриќ со една изјава ги изнервира навивачите на БиХ

Read more

Тупајиќ: Работнички мора многу подобро во пролетниот дел од сезоната

Read more

Која е тајната на најдоминантниот клуб во светот со 96 победи и 0 порази и нерешени резултати?

Read more
 

Спорт

Селекторот на Шкотска до навивачите: Немојте да се задолжувате за да одите на Мундијалот

Читај повеќе

Вечерва ќе се оддржи јубилејната петта Златна Олимпија посветена на најуспешните жени во спортот

Читај повеќе
  • play_arrow

ВТА ја прогласи Сабаленка за тенисерка на годината

Читај повеќе

Модриќ со една изјава ги изнервира навивачите на БиХ

Читај повеќе
  • play_arrow

Ф1 циркузот се враќа во Португалија

Читај повеќе

Тупајиќ: Работнички мора многу подобро во пролетниот дел од сезоната

Читај повеќе

Брејди ја заинтригира НФЛ јавноста: Подготвен сум, би можел повторно да играм

Читај повеќе
  • play_arrow

Револверската пресметка меѓу Јокиќ и Шенѓун отиде кај најдобриот играч во светот

Читај повеќе

Која е тајната на најдоминантниот клуб во светот со 96 победи и 0 порази и нерешени резултати?

Читај повеќе