Црвеното грозје го намалува холестеролот и има антистареечки ефекти

Храната што ја јадеме има големо влијание врз нашето здравје. Исто така, одредени намирници го намалуваат ризикот од опасни состојби, а меѓу нив е и овошјето.

Јадењето овошје е составен дел од добро балансираната исхрана, а тоа е полно со витамини и влакна. Меѓу овошките се издвојува црвеното грозје кое може да се најде речиси во секоја продавница.

Алекс Руани, научничка од Универзитетот во Лондон, верува дека црвеното грозје може да помогне во намалувањето на холестеролот и воспалението и да го зајакне имунитетот.

„Тоа се антиоксидантни растителни соединенија. Црвеното грозје содржи вид наречени антоцијанини, син пигмент за кој се покажа дека има корист за здравјето на мозокот, и ресвератрол, за кој се покажа дека има антиинфламаторни и антистареечки ефекти“, рече таа.

Лушпата и семките на црвеното грозје се особено богати со антиоксиданси, катехини и епикатехини, за кои е познато дека го намалуваат оксидативниот стрес во телото.

„Детална студија од 2023 година покажа дека јадењето три порции грозје од 80 грама дневно во текот на две недели го зголемува нивото на корисни бактерии и ги намалува потенцијално штетните. Тоа значи дека грозјето промовира поздрав цревен микробиом, кој е поврзан со подобрена дигестија, посилен имунитет и намалено воспаление“, додаде таа.

Истата студија покажа дека грозјето го намалува нивото на ЛДЛ, односно лошиот холестерол, поради количината на влакна што ги содржи.

Тагови
реклама

Колина предлага револуционерно правило кое засекогаш ќе ги промени пеналите

Read more

Песков: Значаен дел од Украина веќе стана дел од Русија

Read more

Многумина се борат со несоница, една билка е спас за тој проблем

Read more

Мексиканскиот Залив стана Американски на Google Maps

Read more

Здравје

Од вкочанет врат до болки во нозете: Знаци кои укажуваат на недостаток на витамин Д

Read more

Заборавете на лековите: Намирници што ќе ја направат вашата менструација безболна

Read more

Чувствувате дека времето се менува - симптоми на метеоропатија

Read more

WIWIEN COSMETICS: Кожата, како огледало на нејзиниот однос со себе, го заслужува само најдоброто

Read more
 

Магазин

Од вкочанет врат до болки во нозете: Знаци кои укажуваат на недостаток на витамин Д

Читај повеќе

Куглоф со гриз и јаболка: Сочен и миризлив десерт кој сите го сакаат

Читај повеќе

Заборавете на лековите: Намирници што ќе ја направат вашата менструација безболна

Читај повеќе

Што ќе се случи со вашето тело ако вежбате само 15 минути дневно?

Читај повеќе

Откриен начин како да сварите совршено варено јајце - требаат дури 32 минути

Читај повеќе

Шест скриени причини зошто децата имаат прекумерна тежина

Читај повеќе

Чувствувате дека времето се менува - симптоми на метеоропатија

Читај повеќе

WIWIEN COSMETICS: Кожата, како огледало на нејзиниот однос со себе, го заслужува само најдоброто

Читај повеќе

Зошто вториот ден од менструацијата е секогаш најболен за повеќето жени?

Читај повеќе