Д-р Фаучи: Без маски во друштво? Само ако сите се вакцинирани

Водечкиот американски епидемиолог д-р Ентони Фаучи зборуваше за единственото сценарио кога е безбедно да се тргне маската во друштво за време на пандемијата на COVID-19.

Како што рече, во ред е да ја тргнете маската ако сте ги примиле сите дози на вакцината и ако сте во друштво на луѓе кои ги примиле сите дози. Центрите за контрола на болести (CDC) подготвуваат упатства за вакцинираните лица што ќе им помогнат да сфатат што можат безбедно да прават. Politico објави дека овие упатства ќе продолжат да препорачуваат луѓето да се ограничуваат на мали домашни собири и само со вакцинирани лица.

Препорачливо е тие да продолжат да носат маски во јавност, како и да продолжат да практикуваат социјална дистанца.

„Ако сте вакцинирани и сте со некој кој исто така е вакциниран, можете да бидете многу послободни што се однесува до мерките“, рече Фаучи.

Минатиот понеделник, Фаучи и директорот на CDC ги презентираа новите упатства.

„Ќе земам како пример дека нечија ќерка ќе дојде од друг град и ги примила двете дози, а нејзините родители и нивните соседи исто така ги примиле двете дози. Сите заедно би можеле да се дружат на мала семејна собиранка и да не носат маски бидејќи ризикот од ширење на коронавирусот е многу мал“, рече Фаучи.

Треба да бидете внимателни

Фаучи предупреди и на дружење со луѓе кои не биле вакцинирани. Тој зеде пример за баба која е вакцинирана и би дошла во посета на нејзините невакцинирани членови на семејството.

„Ако едниот од нив е заразен со вирусот, на бабата сè уште може да ѝ влезе вирусот во назофаринксот и иако вакцината ја штити и таа нема да се разболи, вирусот може да се прошири понатаму и да зарази луѓе кои не биле вакцинирани“, објасни тој.

Фаучи додаде дека почнал да кани гости во неговиот дом откако ги примил двете дози од вакцината против COVID-19, но само луѓе кои се вакцинирани. Тој нагласи дека сè уште не јаде во ресторани и дека сè уште носи маска во јавност.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Здравје

В недела почнува летното сметање на времето: Како поместувањето на стрелките влијае на нашето тело?

Read more

Пет причини зошто треба почесто да јадете тиквички

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Која храна ги подобрува концентрацијата и расположението?

Read more
 

Магазин

  • filter

Четири одлични совети: Слабеењето може да биде успешно и без одење во теретана

Читај повеќе

В недела почнува летното сметање на времето: Како поместувањето на стрелките влијае на нашето тело?

Читај повеќе

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Читај повеќе

Историски заблуди

Читај повеќе

5 совети како да го разгорите повторно вашиот сексуален живот

Читај повеќе

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Читај повеќе
  • filter

Најскапите намирници во светот: Треба да потрошите вистинско богатство за нив

Читај повеќе

Рецепт на денот: Јагнешки бут зачинет на грчки начин

Читај повеќе

Зошто никогаш не треба да го резервирате седиштето 11А во авион?

Читај повеќе