„Да бидеме заедно, додека сме разделени“ - онлајн изложба на седум македонски уметници

Скопје, 11 јуни 2020 (МИА) – Во рамки на проектот „Да бидеме заедно, додека сме разделени“ на Културно социјален простор „Центар- Јадро“ од денеска до 18 јуни ќе се одржи онлајн изложба на седум уметници – Иван Ивановски, Симона Манчева, Дарко Алексовски, Доротеј Нешовски, Елена Чемерска, Зорица Зафировска и Никола Узуновски.

– Претставените дела ги адресираат скриените и не толку скриени нееднаквости во општеството и причините кои ги предизвикуваат, преку истражувања на емотивните состојби во време на криза, ограничувањето од општествените конструкти во однос на личната слобода, социјалното домување, грижата за околината и јавниот простор, експлоатација на трудот и мигрантската криза, неизвесноста од иднината, со финална цел да укажат од неопходноста од заедничко здружување и решавање на заедничките проблеми во прекаријатскиот даден контекст, велат од „Центар-Јадро“.

Посочуваат дека намерата на проектот е истовремено да апелира за конечен прекин на практиката на бесплатно искористување на уметничкиот труд и да укаже од неопходноста од платена уметничка работа. Делата, велат, се претставени виртуелно, но взаемната грижа е реална.

– Состојбaта на криза, со сите политички и економски промени кои ги носи, го зголемува јазот и уште повеќе ги истакнува разликите меѓу различни групи и поларизирани заедници. Нашите пријателства го сменија „пејзажот“ и „мигрираа“ на интернет мрежата. Сепак, пријателството е многу повеќе од релација на социјалните медиуми. Оттука, во потрага сме по нови начини и простори кои го комбинираат институционалното и социјалното, здрави работни заедници кои се подршка во насока на соживот за решавање на реални проблеми и взаемна помош, се вели во соопштението.

Проектот е реализиран со поддршка на швајцарската амбасада, Министерство за култура, Јадро- Асоцијација на независната културна сцена, ЦАЦ- Центар за современи уметности и КСП „Центар-Јадро“.

Тагови
реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Култура

Марко Бањоли во Чифте амам

Read more

МАИ ги додели наградите за изданијата меѓу два Саеми на книга

Read more

Филмот на Цветановски со награда за најдобар филм во Калифорнија

Read more

Националниот џез оркестар со „Џез лектира“ гостува во Велес

Read more
 

Вести

  • play_arrow
  • filter

Атина обвиена во сахарска прашина - личи на колонија на Марс

Читај повеќе

3,85 отсто е одзивот во првите 2,5 часа, 12 приговори пристигнале во ДИК

Читај повеќе

Во првите 2,5 часа од гласањето пријавени се само технички проблеми

Читај повеќе

Моќната сестра на Ким Џонг Ун: Ќе изградиме супериорна воена сила

Читај повеќе
  • play_arrow

Наркобос сакал да ја убие холандската принцеза, побегна поради грешка на шпанскиот суд

Читај повеќе

Мелони ќе дозволи „поддржувачите на мајчинството“ да ги одвраќаат жените од абортус во клиниките

Читај повеќе

Шпанија формира фонд за 440.000 жртви кои биле сексуално злоупотребувани од свештеници

Читај повеќе

Раст на Волстрит втор ден по ред

Читај повеќе

Променливо облачно време со температури до 24°C

Читај повеќе