„Да го поздравиш и да ми го бациш“ се враќа на репертоар во МКЦ

Младинскиот културен центар – Скопје соопшти дека театарската претстава „Да го поздравиш и да ми го бациш“ се враќа на репертоарот.

На 26 и 27 мај во Сала 25 мај во МКЦ ќе се изведе претставата во продукција на зружението „Артопија“.

„Да го поздравиш и да ми го бациш“ е документарна претстава, авторско дело на четворица актери и еден режисер. Ја раскажува приказната за растењето, за соништата за себеостварувањето и за соочувањето со општествените механизми на функционирање.

Темите што се отвораат во претставата (уметноста во себе, надежите, стравовите, борбите за остварување на креативниот потенцијал…) се одраз на личните искуства на актерите и зборуваат за борбата за индивидуална слобода.

Каков треба да биде театарот денес? Кое е неговото место во опшетството? Кое е местото на младинците во општетсвото во кое живееме? Претставата зборува и за: емотивната слика на индивидуалниот внатрешен конфликт помеѓу интутитивното и рационалното, за слика за вакуум просторот помеѓу „каков сакаме да биде животот“ и „каков животот навистина е“ итн. Севкупно, актерите на сцена поставуваат прашања и отворат дилеми барајќи начин да ги одговорат.

Играат: Бојан Кирковски, Наташа Петровиќ, Ненад Митевски и Симона Спировска Костовска, а режијата е на Билјана Радиноска.

Од МКЦ нагласуваат дека настаните ќе бидат реализирани по соодветен протокол, запазувајќи ги препорачаните мерки за заштита и дека претставата не е наменета за лица под 16 години.

Билетите се достапни на билетарница во МКЦ и online преку bileti.mkc.mk.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Посипете маслиново масло врз ловоров лист и ќе се изненадите колку е моќен

Read more

Култура

Марко Бањоли во Чифте амам

Read more

МАИ ги додели наградите за изданијата меѓу два Саеми на книга

Read more

Филмот на Цветановски со награда за најдобар филм во Калифорнија

Read more

Националниот џез оркестар со „Џез лектира“ гостува во Велес

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Одзивот до 13 часот е 26,35 отсто – најмногу гласале во Новаци, а најмалку во Врапчиште

Читај повеќе

ОЈО Делчево истражува обид за изборен поткуп со бесплатно вградување водомери

Читај повеќе

Приведен охриѓанец кој го фотографирал гласачкото ливче

Читај повеќе

Северот на Европа е под силен руски притисок, истокот крвари, а една земја плаќа висока цена

Читај повеќе

Штипјанец и скопјанка ги фотографирале гласачките ливчиња, димна бомба на гласачко место во Скопје

Читај повеќе

Скокнаа цените на нафтата, остар пад на доларот

Читај повеќе

На 12,78 отсто се искачи одзивот до 11 часот, најголем во Демир Капија 23,99 отсто

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Атина обвиена во сахарска прашина - личи на колонија на Марс

Читај повеќе

3,85 отсто е одзивот во првите 2,5 часа, 12 приговори пристигнале во ДИК

Читај повеќе