Да си ги зачуваме луѓето овде во нашата татковина, порача Мицкоски за 8 Септември

Денес се одбележува најголемиот светилник на постоењето на македонската држава, финалниот чин по повеќестолетната борба за слобода и независност или што би се рекло денот над деновите – 8 Септември, празникот на нашата независност, напиша премиерот Христијан Мицкоски на својата Facebook страница по повод Денот на независноста.

„На овој ден за прв пат се слушнаа зборовите: Да ви ја честитам суверена и слободна Република Македонија, на плоштадот Македонија каде се прославуваше независноста. Воедно да не заборавиме дека 8 септември е стремежот на илјадници претходно борци за слободна и своја држава. Тогаш се градеа темелите на Републиката и создаваа институции, но и денес имаме битки кои мора да ги победиме, заеднички, поинакви, иако поинакви сепак подеднакво важни“, додаде Мицкоски.

Мора да се победи разочарувањето, додава Мицкоски, кое ни го оставија и криминалот и корупцијата кои денес се најважните проблеми против кои се бориме. Секој атом од силите да го вложиме во градба на иднина каква заслужува секој еден човек.

„Овој пат државата е на потег и нејзе ја враќаме на народот. Да создадеме земја на среќни граѓани и силна економија. Општество кое ќе одговара на реалните потреби и ќе нуди реални решенија. Да си ги зачуваме луѓето овде во нашата татковина. Оваа генерација има обврска да ги исправи грешките и да создаде иднина за сите наредни. Ова е нашата заедничка битка и заедно се бориме и заедно ќе успееме! Нека е честит и вековит денот на независноста. Бог да ја благослови Македонија!“, вели премиерот во честитката по повод Денот на независноста.

реклама

Македонија

Лажни пораки наводно испратени од Безбеден град стигнуваат до граѓаните, МВР со апел како да ги препознаете

Read more

УЈП во Охрид: Сите што издаваат сместување и опрема за рекреација на вода имаат обврска да платат данок на личен доход

Read more

ЈСП пушти нова линија, ќе вози од Радишани до Карпош 3

Read more

Град Скопје најави авионска и терестична дезинсекција за наредните неколку дена

Read more

Вести

Лажни пораки наводно испратени од Безбеден град стигнуваат до граѓаните, МВР со апел како да ги препознаете

Читај повеќе

Сестрата на Ким Џонг Ун му одговори на Зеленски: Неговите тврдења се неосновани

Читај повеќе

УЈП во Охрид: Сите што издаваат сместување и опрема за рекреација на вода имаат обврска да платат данок на личен доход

Читај повеќе

ЈСП пушти нова линија, ќе вози од Радишани до Карпош 3

Читај повеќе

Топењето на глечер откри морничава тајна стара 34 години: Пронајдени двајца исчезнати алпинисти

Читај повеќе

Град Скопје најави авионска и терестична дезинсекција за наредните неколку дена

Читај повеќе

СМС-кампања против комарците: Ќе бидат испратени околу 38.500 пораки до лицата над 60 години

Читај повеќе

AfD најави борба против „антигерманската“ култура

Читај повеќе

Патниците ги оценија авиокомпаниите: Кој доминира на светското, а кој на европското небо?

Читај повеќе