Џабе бурната дискусија, Македонија повторно извиси за ЕУ

Брисел, 22 јуни 2021 (МИА) – И покрај охрабрувачките тонови и обидите да се убеди Бугарија да го тргне непринципиелното вето за Северна Македонија, Скопје и Тирана повторно остануваат пред вратите на ЕУ без можност да ги започнат преговорите за кои ги исполнија сите услови, јави дописничката на МИА од Брисел.

Како што јави МИА утрово, дискусијата за проширувањето и посебно за Северна Македонија била бурна на денешниот Совет за општи работи на ЕУ. Германија, Словачка и бројни други земји инсистирале Бугарија да го отстрани ветото за Северна Македонија кое почива врз билатерален конфликт и за кое ЕУ смета дека не му е место во ЕУ.

Но, Бугарија има законско право да блокира. Бугарскиот претставник ги обвинил своите колеги дека не ја разбираат „длабочината“ на проблемот помеѓу Скопје и Софија и не покажал флексибилност, повикувајќи се на претстојните избори во Бугарија во јули. Иако ниту политичка влада не е гаранција дека ветото ќе се тргне.

Ниту португалскиот предлог не ја премисли Софија.

Португалската државна секретарка, Ана Паула Закариаш, која претседаваше со денешниот министерски состанок, ја охрабри Словенија да продолжи да бара решение за преговорите со Северна Македонија врз основа на овој предлог.

-Португалското претседателство даде максимум за да изнајде компромис, решение, сакавме денес да имаме не две туку четири меѓувладини конференции, рече Закариаш алудирајќи на двете меѓувладини конференции што се одржуваат вечерва во Луксембург со Србија и Црна Гора.

Таа додаде ова е „тежок политички момент што го живеат Бугарија и Северна Македонија“.

-Сѐ уште не е моментот, треба да најдеме решение во кое веруваат сите чинители, ја охрабруваме Словенија да продолжи, да не го изгуби моментот, да ги искористи предлозите на маса и се надеваме на меѓувладина конференција со Албанија и Северна Македонија што поскоро за време на идниот семестар, рече Закариаш.

Албанија во сето ова е колатерална штета на бугарската блокада бидејќи иако сите 27 земји членки се согласни дека Тирана ги исполнува сите услови за одржување на првата меѓувладина конференција, тие се држат до принципот дека двете земји не треба во овој дел од процесот да се одвојуваат.

Португалската државна секретарка не одговори на прашањето дали лидерите в четврток и петок ќе се обидат да го убедат бугарскиот претседател Румен Радев да го крене ветото, не рече ни дали воопшто ќе се разговара за проширувањето и Северна Македонија на овој самит. Може да се претпостави дека како што е обичај во Брисел, иако не е официјална точка на дневен ред, на маргините на самитот некои земји би се обиделе да го убедат Радев, но досегашното искуство покажа дека овие обиди ретко успеваат.

На прашање дали ЕУ разговара за последиците што овој нов пораз во односите со Северна Македонија може да ги има врз поддршката на граѓаните во земјата за ЕУ, Закариаш исто така се воздржа од коментар.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Македонија

Без струја дел од Карпош

Read more

Сончево и топло време со температура до 27 степени

Read more

ВМРО-ДПМНЕ: Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот

Read more

Села оди во коалиција со Ахмети

Read more
 

Вести

Израел ја нападна Сирија: 38 загинаа во Алепо, меѓу кои и членови на Хезболах

Читај повеќе

Лавров: Украинскиот план е бесмислен, вклучува повлекување на нашата армија од освоените територии

Читај повеќе

Без струја дел од Карпош

Читај повеќе

Сончево и топло време со температура до 27 степени

Читај повеќе
  • play_arrow

Огромна дупка во Рим проголта два автомобила

Читај повеќе

Госпоѓиците од Авињон на сцената на Националната опера и балет

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот

Читај повеќе

Села оди во коалиција со Ахмети

Читај повеќе

Македонија треба да ѝ врати 2,2 милиона евра на Европската комисија - биле злоупотребени преку Еразмус+

Читај повеќе