Dacia го претстави освежениот Duster
Dacia го претстави освежениот модел Duster.
Новиот Duster има промени во внатрешноста и екстериерот, пред сè тука е новата портокалова боја за каросеријата, нови ЛЕД светла во облик на буквата Y, нови 16 и 17-инчни аеродинамични фелни.
Верзијата со бензин мотор развива 150 КС и има погон на сите четири тркала. Моделот со дизел е достапен со погон на предните и со погон на сите четири тркала.
Засега нема информации за хибриден погон, но ќе биде достапна верзијата Duster ECO-G 100. Емисијата на CO2 е помала за 9,5 отсто.
Продажбата на Duster во Европа започнува во септември. Засега нема информации за цената.
Погледнете ја галеријата.