Dacia ја започна својата тизер-кампања за третата генерација на моделот Sandero на кој ќе му се приклучат и Stepway и Logan. Овие три модели ќе добијат освежување.
Sanderо, Sandero Stepway и Logan ќе ја користат платформата која ја користи и Renault Clio. Сè останато ќе биде поевтино за да се одржи ниската продажна цена на автомобилите.
Од Dacia се објавени тизери за новите модели, а наскоро се очекува и нивното официјално претставување.
Фотографиите наговестуваат дека дизајнот ќе биде пософистициран, но сепак треба да почекаме до официјалното претставување. Sandero и Logan ќе позајмат некои работи од Clio, но квалитетот на материјалот нема да биде на исто ниво.
Се очекува дека новиот модел ќе има 1,3-литарски бензин мотор со автоматски менувач. За Sandero постојат гласини дека ќе се понуди со хибридна верзија од 140 КС.
Се очекува и 1,0-литарски трицилиндричен мотор од 65 до 100 коњски сили.