Дадов насоки да се порачаат 100.000 вакцини Спутник V, вели Заев

Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека согласно планот за вакцинација и склучените договори, имаме капацитет за да се набават дополнителни 100.000 вакцини, со што би се надополнил севкупниот план за вакцинација. Потврди дека следните дополнителни вакцини ќе бидат од вакцината Спутник V.

– Во координација со министерот за здравство синоќа добив информација дека имаме капацитет, согласно планот за предвидување, склучените договори и платените аванси, да направиме дополнително и 100.000 дози нарачка од следна вакцина, којашто би го надополнила севкупниот план, а не би предизвикало да останат вишок вакцини согласно планот на Министерството за здравство. Така што да одговорам на прашањето, да, би нарачале од Спутник V, бидејќи има капацитет од дополнителни 100.000 дози, да се направи порачка и од таму. Се што постои од вакцина, направивме нарачки, договори, рече Заев, одговарајќи на новинарско прашање по посетата на компанијата ТАБМАК во Пробиштип.

Истакна дека оваа недела се очекуваат и првите информации и од Европската Унија, од директниот договор со Pfizer, а понатаму преку КОВАКС механизмот, а во последната недела од февруари се очекуваат и самите вакцини од Кина, а и планот што е направен за дополнителни нарачки.

– Верувам дека вакцинацијата ќе биде согласно предвидената динамика. Вакцините што ги добивме од Србија се за самите здравствени работници, до вчера беа вакцинирани околу 850 и продолжуваме понатаму. Очекуваме оваа недела да дојдат и останатите вакцини од Србија, кои досега се 4.680, со што ќе се дојде до бројката од 8.000, посочи премиерот.

Вакцинацијата во земјава почна во средата со првата пратка од 4.680 вакцини Pfizer што ги добивме од Србија. Први се вакцинираат здравствените работници што работат во ковид-центрите.

реклама

Македонија

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Read more

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Read more

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Read more

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Read more
 

Вести

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Читај повеќе

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Читај повеќе

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Читај повеќе

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Читај повеќе

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Читај повеќе

Левица: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Читај повеќе

Европски фронт: Очекуваме голема, историска победа, тоа го потврдуваат информациите од терен

Читај повеќе

Две лица од Скопје го искинале гласачкото ливче, неколкумина го фотографирале

Читај повеќе
  • filter

Максим Димитриевски: Народот одлучува за иднината на Македонија

Читај повеќе