Дафи: Бев дрогирана, затворена и силувана

Британската пејачка Дафи сподели со јавноста дека била дрогирана и силувана откако напаѓач ја затворил против нејзина волја.

Пејачката од Велс, добитничка на награди Греми и Брит, на нејзиниот официјален Instagram профил објави порака во која вели дека ѝ требало време да закрепне од трауматичното искуство.

Дафи (35), која во 2008 година го објави број еден синглот во Велика Британија „Mercy“, објави порака до нејзините 33.000 следбеници во која вели: „Сега сум добро и на безбедно, верувајте ми“.

„Можете да замислите колку пати се премислив пред да го напишам ова. Па, не сум сосема сигурна зошто сега е вистинското време, но фактот дека го пишувам ова мене ми дава чувство на слобода.“

„Не можам да го објаснам. Многумина од вас се чудеа што ми се случи, каде исчезнав и зошто. Еден новинар ме контактираше, најде начин да стигне до мене и му кажав сѐ летоска. Беше фин и јас се чувствував прекрасно бидејќи можев конечно да зборувам за тоа. Сега сум добро и на безбедно, верувајте ми, но во текот на неколку денови бев затворена против моја волја, дрогирана и силувана“, напиша таа.

„Секако, преживеав. Ми требаше време да закрепнам. Нема лесен начин да се каже ова. Но можам да ви кажам дека во изминатава деценија, во овие илјадници денови, бев посветена на тоа повторно да ја почувствувам топлината на сонцето во моето срце и сонцето сега повторно свети“.

Пејачката понатаму објаснува зошто порано не прозборела за ова.

„Сигурно се прашувате зошто не решив да ја изразам болката преку мојот глас. Не сакав да му ја покажам на светот болката во моите очи. Се прашав: ‘Како можам да пеам од срце, ако срцето ми е скршено?’“, пишува Дафи.

Таа најави дека наскоро ќе има отворено интервју и ги замоли фановите да ја почитуваат нејзината приватност.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Музика

Папараците ја снимија Шакира со британскиот актер кој е ѕвезда на нејзиниот нов спот

Read more

Бијонсе разголена за новиот албум

Read more

Како Фахрета Јахиќ стана Лепа Брена?

Read more

Северина: Секоја средба со Македонија остава длабока трага во моето срце

Read more
 

Сцена

Шестиот дел од култниот Pirates of the Caribbean ќе се снима без Џони Деп

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв тизер за серијата The Penguin – Колин Фарел каков што не сме го виделе досега

Читај повеќе
  • play_arrow

Најконтроверзниот реквизит од филмот Titanic продаден на аукција за неверојатна цена

Читај повеќе
  • play_arrow

Папараците ја снимија Шакира со британскиот актер кој е ѕвезда на нејзиниот нов спот

Читај повеќе
  • play_arrow

Лошите момчиња се вратија: Прв трејлер за Bad Boys 4

Читај повеќе

Ен Хатавеј смета дека освојувањето Оскар негативно ѝ влијаело на кариерата

Читај повеќе

Погребот на Мирко Попов ќе биде денеска на Градските гробишта „Бутел“ во Скопје

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе

Почина Мирко Попов

Читај повеќе