Дафт Панк најавија разделба по 28 години

Француското дуо Дафт Панк објави дека по скоро 30 години ќе ја прекинат меѓусебната соработка.

Творците на некои од најголемите поп хитови разделбата ја најавија со видео наречено „Epilogue“, објавено на нивниот YouTube канал.

Веста за распадот ја потврди и нивната соработничка Кетрин Фејзиер, но не ја откри причината.

Remote video URL

Дафт Панк дуото го сочинуваа Томас Бангалтер и Ги-Мануел де Омем-Кристо. Нивниот прв албум „Homework“ во 1997 година постигна комерцијален успех, а на него беа и хитовите како „Around the World“ и „Da Funk“.

Во 2001 година по албумот „Discovery“ за прв пат се појавија во костими на роботи, кои станаа нивни заштитен знак. Песните „One More Time“ и „Harder, Better, Faster“ им донесоа светска популарност, а тој статус го задржаа и по објавувањето на третиот албум „Human After All“.

Remote video URL

„Get Lucky“, главниот сингл од албумот „Random Access Memory“ од 2013 година е продаден во милиони примероци низ светот и освои 5 Греми награди, меѓу кои и наградата за албум на годината.

Во јавноста секогаш се појавуваа со сокриени лица и ретко говореа за приватниот живот, ставајќи ја секогаш музиката на прво место.

Тагови
реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Музика

Папараците ја снимија Шакира со британскиот актер кој е ѕвезда на нејзиниот нов спот

Read more

Бијонсе разголена за новиот албум

Read more

Како Фахрета Јахиќ стана Лепа Брена?

Read more

Северина: Секоја средба со Македонија остава длабока трага во моето срце

Read more
 

Сцена

Шестиот дел од култниот Pirates of the Caribbean ќе се снима без Џони Деп

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв тизер за серијата The Penguin – Колин Фарел каков што не сме го виделе досега

Читај повеќе
  • play_arrow

Најконтроверзниот реквизит од филмот Titanic продаден на аукција за неверојатна цена

Читај повеќе
  • play_arrow

Папараците ја снимија Шакира со британскиот актер кој е ѕвезда на нејзиниот нов спот

Читај повеќе
  • play_arrow

Лошите момчиња се вратија: Прв трејлер за Bad Boys 4

Читај повеќе

Ен Хатавеј смета дека освојувањето Оскар негативно ѝ влијаело на кариерата

Читај повеќе

Погребот на Мирко Попов ќе биде денеска на Градските гробишта „Бутел“ во Скопје

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе

Почина Мирко Попов

Читај повеќе