The Daily Telegraph: На прагот на трета светска војна сме

Макфакс
/ 28.10.2024 / 17:55

Некаде помеѓу 8 и 13 октомври, 7 бродови на руската Пацифичка флота испловија од Чонџин, Хамхун и Мусудан, Северна Кореја, за Владивосток, Русија. На бродот имало 1.500 војници на севернокорејските специјални сили.

Тие се авангарда од 11.000 севернокорејски војници кои би требало да бидат засилување во руската војна против Украина. Дополнително, доаѓањето на војници од Северна Кореја е јасен показател дека тоа не е само војна меѓу Русија и Украина, пишува британскиот весник The Daily Telegraph.

Според овој медиум со доаѓањето на трета страна, војната може да ескалира во конфликт од светски размери, наведувајќи дека Москва и нејзините сојузници добро разбрале што е во прашање, додека Западот не го разбира тоа. Сепак, иако не е официјално потврдено, не е тешко да се заклучи дека покрај платениците, во Украина подолго време се и офицерите на армиите на земјите на НАТО, имајќи го предвид оружјето што беше испратено во оваа земја и чие користење бара претходна обука.

Северна Кореја сега испраќа 1.500 специјални сили во војната против Украина и ова не е прв придонес на Пјонгјанг во руските воени напори. Северна Кореја и продаде на Русија артилериска муниција, балистички ракети КН-23 и противтенковски ракетни возила. Покрај Иран, и Северна Кореја е индустриската поддршка на Русија и главната причина зошто руските вооружени сили веќе не останале без критична опрема како што се приближува третата година од војната, анализира медиумот.

Во написите се наведува дека зголемената улога на Северна Кореја во војната меѓу Русија и Украина се заканува да ја вовлече Јужна Кореја во конфликт.

Јужна Кореја произведува некои од најдобрите оружја во светот, особено тенкови и артилерија. Можеби нема да помине многу време пред да го видиме ова оружје на линијата на фронтот во Украина, доколку се разбира тоа го дозволат сојузниците од НАТО.

Во овие моменти се повеќе може да се слушне за двоумењето на Западот кога станува збор за поддршката на Украина. Украинската армија неодамна заеднички формираше 14 нови бригади, што претставува десет отсто зголемување на структурата на нејзините копнени борбени сили, но забавувањето на странската помош значи дека десет бригади немаат тешка опрема, тврди украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Според написите, можеби евентуалната помош на Јужна Кореја ќе биде доволна за да се надмине оваа неволност на Западот, но таа со себе носи нови опасности. Двете Кореи би можеле индиректно да ги измерат своите сили на полињата во Украина, далеку од нив, и да го направат овој конфликт глобален, оценува The Daily Telegraph.

реклама

Најубавиот турски ручек според ресторански рецепт

Read more

Колку ќе ослабете ако се откажете од јадење леб?

Read more

Како да спречите оштетување на бојата на автомобилот од птичји измет?

Read more

Кои апарати во домот ќе ве чинат поскапо ако ги исклучите од струја?

Read more

Свет

Израел воведува смртна казна за учесниците во нападите од 7 октомври

Read more

САД тајно преговараат за Гренланд

Read more

Зеленски: Русија нема намера да ја прекине војната, се подготвуваме за нови напади

Read more

CNN: Путин навестува крај на војната во Украина, зошто сега?

Read more
 

Вести

Јанчев: Народот е повторно подготвен да ги брани Дошница и планината од малите хидроцентрали

Читај повеќе

Уапсен возачот на камион кој прегази пешак на патот Прилеп-Градско

Читај повеќе
  • play_arrow

Израел воведува смртна казна за учесниците во нападите од 7 октомври

Читај повеќе

Фали ме, Тимчо

Читај повеќе

САД тајно преговараат за Гренланд

Читај повеќе

Зеленски: Русија нема намера да ја прекине војната, се подготвуваме за нови напади

Читај повеќе

CNN: Путин навестува крај на војната во Украина, зошто сега?

Читај повеќе

Трамп: Имав договор со Иран четири или пет пати, потоа тие се предомислија

Читај повеќе

Цените на нафтата сè уште над 100 долари

Читај повеќе