Познатиот швајцарски фудбалер Гранит Џака (32) пред неколку дена ги изненади сите со нов имиџ, бидејќи целосно ја скрати косата.
Џака не зборуваше за тој потег, но косовските медиуми разоткрија што се случило бидејќи објавија нова фотографија на Џака, по што сè е јасно.
Имено, Џака решил да направи трансплантација на коса во една од клиниките во Приштина, а фотографиите протекоа во косовските медиуми.
Granit Xhaka has had a hair transplant in Prishtina 🇽🇰. Fresh start on and off the pitch for our star!#Bundesliga pic.twitter.com/OLyPoFQXLU
— Kosovan Football 🇽🇰 (@kosovanfooty_EN) December 31, 2024
Џака последните денови ги помина во Приштина со семејството, а паузата во германското првенство трае до 10 јануари кога Леверкузен игра дерби со Дортмунд.
Оваа сезона Џака одигра 25 натпревари за Леверкузен, постигна два гола и забележа пет асистенции.