Далас го испрати Дончиќ со срцепарателна објава, познатите рапери го поддржаа трејдот

Страстите околу преминот на Лука Дончиќ од Далас Маверикс во Лос Анџелес Лејкерс се смируваат, а особено е интересен начинот на кој неговиот поранешен клуб се збогуваше.

Настаните од пред два дена го потресоа целиот кошаркарски свет бидејќи Лука Дончиќ веќе пристигна во Лос Анџелес каде почна да се адаптира на својот нов клуб и град.

Додека го чека опоравувањето од повредата и враќањето на терените во дресот на својот нов клуб, Далас сѐ уште тагува за неговото заминување. Ако ништо друго, фановите се тие кои не им простуваат на челниците на франшизата за ваквиот потег.

Во исто време, Далас Маверикс на официјалната клупска страница на Х објави срцепарателно видео од збогувањето на Дончиќ.

Почитта за словенечкиот кошаркар е отсликана во објавата, во која најтажен момент е последната сцена на која се гледа дека од Дончиќ во соблекувалната во Далас останале само патиките.

„Беше чест да се гледа како волшебникот го прави тоа“, наведоа од Далас во видеото покрај дел од одличните потези на Лука Дончиќ во текот на неговата кариера.

Во исто време, доаѓањето на Дончиќ на социјалните мрежи го поддржаа познатите рапери Снуп Дог и Лил Вејн, познати како доживотни фанови на Лејкерс. Од друга страна, нивниот колега Кам'рон не може да се изначуди од потегот на Далас да го пушти во друг клуб.

Снуп Дог прво објави благодарница до Ентони Дејвис, кој тргна во спротивна насока, а потоа објави видео од пристигнувањето на Дончиќ на аеродромот во Лос Анџелес.

реклама

Дали на Сенегал ќе му биде одземен трофејот, а на Мароко ќе му биде доделена победа од 3:0?

Read more

Научник од Ровињ: Сите примероци од Јадранското Море што ги обработив имаа микропластика

Read more

Дали Диас намерно го промаши пеналот во финалето од Африканскиот куп на нации?

Read more

Од полноќ нови цени на горивата

Read more

Кошарка

Најлоши можни вести: Заврши сезоната за Џими Батлер

Read more

Дончиќ се врати на теренот и ги предводеше Лејкерс до победа

Read more

Уште во јануари падна забивањето на годината: Бекот на Орландо овековечи четворица на постер

Read more

Евролигата сака да ја тужи НБА

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Најлоши можни вести: Заврши сезоната за Џими Батлер

Читај повеќе

Македонија мора да ја победи Романија, потоа ќе навива за Данска

Читај повеќе
  • play_arrow

ЛШ завршница: Дерби на Меаца, Реал и Сити бркаат влез во топ 8

Читај повеќе

Дали на Сенегал ќе му биде одземен трофејот, а на Мароко ќе му биде доделена победа од 3:0?

Читај повеќе
  • play_arrow

Дали Диас намерно го промаши пеналот во финалето од Африканскиот куп на нации?

Читај повеќе
  • play_arrow

Финалето на Африканскиот куп имаше и трето полувреме

Читај повеќе
  • play_arrow

Дончиќ се врати на теренот и ги предводеше Лејкерс до победа

Читај повеќе

Мароко и Сенегал вечерва го играат финалето на Африканскиот куп на нации

Читај повеќе

Касемиро мора да игра на секој натпревар до крајот на сезоната за нов договор

Читај повеќе