Далеку од вниманието на ЕУРО и Копа Америка се игра уште едно првенство

Филип Здравески
/ 16.06.2024 / 13:26

Европското првенство е веќе во тек, а наскоро почнува и Копа Америка. Но, далеку од очите на јавноста, на другиот крај на светот, се игра уште едно континентално првенство чии натпревари ретко се среќаваат дури и во билтените на обложувалниците.

Од дуелот Соломонски Острови - Вануату на отворањето

Во саботата рано утрината почна Купот на нациите, официјалното континентално натпреварување на ОФЦ, најмалата конфедерација членка на ФИФА која ги застапува репрезентациите од зоната на Океанија.

Се игра по 11-ти пат, а овој пат кодомаќини се Вануату и Фиџи. Поради пандемијата натпреварувањето во 2020 година беше откажано и никогаш не одиграно, па така, по 8 години пауза првенството конечно повторно се игра откако последно натпреварување беше во 2016 година кога победник беше Нов Зеланд, кој патем и е најтрофеен со 5 победи.

На 10 дена пред почетокот на турнирот репрезентацијата на Нова Каледонија се откажа поради големата криза која владее во земјата и немирите на улиците во главниот град Нумеа. Домородното население се крена на бунт против француската окупација и наметнатите закони од Париз кои не се во интерес на оригиналните жители, а ги фаворизираат колонистите.

Така, во саботата рано утрината по македонско време на стадионот „Фрешвотер“ во Порт Вила, главниот град на Вануату, пред 5 илјади гледачи домашната репрезентација со 1:0 ги совлада Соломонските Острови. Истиот ден требаше да игра и Нов Зеланд, но поради откажувањето на Нова Каледонија оваа А група остана со три учесници.

Remote video URL

Денеска утрото во рамки на групата Б прво Тахити со 2:0 ја совлада Самоа, а потоа другиот домаќин, Фиџи, со 5:1 ја преслуша Папуа Нова Гвинеја.

Ако ги погледнеме составите на репрезентациите, тие воглавно се непознати за нас. Ретко се наоѓа по некое препознатливо име, а такви се бројат на прсти од само една рака.

Едно такво е веројатно препознатливо за страстните гледачи на Серија А. Од редовите на Емполи за Нов Зеланд настапува левиот бек Либерато Какаче, кој изминатава сезона запиша 31 настап во Калчото. Иако роден во Нов Зеланд, двајцата негови родители се италијански имигранти. Тој е дефинитивно најпознато име на овогодинешниот Куп на нациите.

Либерато Какаче во дресот на Емполи

Кај Соломонските Острови има играч кој на клупски план настапувал за мостарски Вележ од Босна и Херцеговина. Рафаел Леа'и нам не ни е познат, но Босанците сигурно го имаат запомнето откако во септември си заминал во татковината со изговор дека е многу носталгичен по родниот крај. Леа'и до крајот на изминатава сезона фигурираше како играч на Вележ иако воопшто не беше достапен за играње. Месецов конечно му истече договорот и потпиша за австралискиот Аделејд Сити. За Вележ има вкупно 13 натпревари, 2 гола и 2 асистенции.

Рафаел Леа'и во дресот на Вележ

За репрезентацијата на Самоа настапува синот на австралиската легенда Тим Кејхил, напаѓачот Киа Кејхил. Има 21 година, роден е во Лондон во времето кога татко му играше за Милвол. Киа игра за Самоа бидејќи неговиот татко по мајчина страна е Самоанец.

Киа Кејхил во дресот на Самоа

Во редовите на Тахити има играч кој е член на Ле Авр од француската Лиг 1. Се работи за десниот бек Матео Дегрумел, кој со своите 20 години има настапи само за Б тимот на овој клуб.

Матео Дегрумел

Репрезентациите можат да пријават по 23 играчи, а Соломонските Острови и Тахите се со најголем број играчи од домашната лига, дури по 21 играч односно 19 и само 2 кои настапуваат во странство. Интересно, селекторот на Тахити понесе 21 играч на првенството иако можеше да пријави 23.

Тотална спротивност е Самоа, која има само 5 играчи од својата лига. Најмногу играчи доаѓаат од новозеландската лига - 28, од соломонската има 22, па следуваат лигите на Тахити (19), Фиџи (18), Вануату (17), Папуа Нова Гвинеја (16). Најмногу играчи од лиги вон зоната Океанија доаѓаат од австралиските лиги и тоа 15, а 5 играчи се од лигите во Англија.

реклама

Уште една земја го призна Косово

Read more

Снимка од подморницата на смртта пред трагедијата во Египет: Почна да тоне додека беа отворени челичните врати

Read more

Три вообичаени грешки при полнење гориво со кои го оштетувате вашиот автомобил

Read more

Први снимки по разорниот земјотрес во Мјанмар: Тресеше и во Тајланд на 1.000 км од епицентарот

Read more

Фудбал

Барса може да остане без победата против Осасуна, само едно парче хартија може да ја спаси

Read more

7 најголеми заборавени фудбалски династии

Read more

Анчелоти преговара со Бразил

Read more

Проблемите на Алиша Леман: Ако сакам да играм со нокти и шминка, ќе играм

Read more
 

Спорт

Барса може да остане без победата против Осасуна, само едно парче хартија може да ја спаси

Читај повеќе
  • play_arrow

Најлошите 12 секунди на Леброн во кариерата: Лејкерс загуби со тројка од центар

Читај повеќе
  • play_arrow

7 најголеми заборавени фудбалски династии

Читај повеќе

Ѓоковиќ мора да плати казна за нелегалната вила вредна 10 милиони евра

Читај повеќе
  • play_arrow

Извлечени групите за ЕвроБаскетот 2025

Читај повеќе

Анчелоти преговара со Бразил

Читај повеќе

Шумахер има потреба од постојана грижа и е целосно зависен од неговите старатели

Читај повеќе

ПСЖ формира кошаркарски клуб и веднаш станува дел од НБА лигата

Читај повеќе
  • play_arrow

Проблемите на Алиша Леман: Ако сакам да играм со нокти и шминка, ќе играм

Читај повеќе