Дали би ја носеле оваа маска која стана хит на интернет?

Меколи Калкин, популарниот Кевин од култниот филм „Home Alone“ стана хит на интернет поради неговата оригинална маска за лице.

„Јас само се штитам од коронавирусот носејќи ја одраната кожа на мојата помлада верзија. Не заборавајте да носите маска, дечки“, напиша 40-годишниот Калкин покрај фотографијата на која носи маска со мотив од филмот „Home Alone“.

Објавата доби повеќе од половина милион лајкови на Instagram за само неколку часа, а дури 75.000 пати беше споделена на социјалните мрежи.

„Човече, па тоа беше еден од најлегендарните моменти во филмската историја.  Имаш титула победник во категоријата најдобра маска“, напиша еден од фановите, одушевен од генијалниот потег.

Меколи Калкин имаше само 10 години кога стана филмска ѕвезда и стекна популарност за која неговите врсници не можеле ни да сонуваат.

Во интервјуата, Калкин честопати потенцираше дека води обичен живот, како и неговите врсници и дека и покрај филмовите, тој и понатаму најнормално оди во училиште. Израснал со седум браќа и сестри, а кон актерството го насочил татко му Кит, за кој Калкин подоцна тврдеше дека го малтретирал психички, вербално и физички.

Неговите родители се разведоа во 1994 година откако Калкин го сними филмот „Richie Rich“. Тие се бореа за старателство над него и 11-те милиони долари што момчето ги заработи дотогаш. Веќе на 16-годишна возраст, Калкин успеа да се избори да управува со сопствените пари.

Како вие се штитите од коронавирусот? Дали би ја носеле оваа маска?

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Едно цвеќе е идеално за балконите кои повеќе се во сенка

Read more

Симптоми на висок крвен притисок кои се јавуваат за време на спиењето

Read more

Чек дис аут

„Село на духови“ кое стана популарна туристичка атракција

Read more

За што служи металниот дел на пакувањето од саламите?

Read more

Што навистина значат боите на знамињата на САД, Италија, Германија и Грција?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more
 

Магазин

3 најлоши постапки што можете да ги направите ако дознаете дека партнерот ве изневерил

Читај повеќе

Совет здравје вреден: Како да разликувате рециклиран убрус од направен од чиста целулоза?

Читај повеќе

Дали би платиле 2.000 евра за Лагото Ромањоло – куче кое наоѓа тартуфи?

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

„Село на духови“ кое стана популарна туристичка атракција

Читај повеќе

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Читај повеќе

Зошто корпите за алишта имаат дупки?

Читај повеќе

Домашни природни лекови против стомачни проблеми

Читај повеќе

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Читај повеќе

Венеција почнува да наплаќа за влез – казни за оние кои ќе се прават „наудрени“

Читај повеќе