Дали би пробале секс предизвик од еден месец?

На социјалните мрежи кружи секс предизвик што трае еден месец, во кој секој ден вие и партнерот имате нова задача.

И додека некои беа шокирани, други беа изненадени од новите идеи. Сега се поставува прашањето, дали би се решиле на овој храбар чекор?

Предизвикот трае 30 дена (31 ден, во зависност од месецот) и не може да се продолжи повеќе од 40 дена. Списокот може да се прошири и со други активности, а „дозволени“ се и паузи – секој во секое време треба да се чувствува слободен да каже „не“ за која било активност, а другиот, секако, да го почитува тоа.

Доколку се пропушти еден ден, се додава нов, но, како што е наведено, предизвикот не смее да трае подолго од 40 дена. Исто така, партнерите може да изберат активности од списокот што ќе ги направат прво, но на крајот на месецот пожелно е да ги имате поминато сите „задачи“.

Ден 1: Секс во кое било време од денот, само не пред спиење.

Ден 2: Истражете и пробајте нова секс поза.

Ден 3: Имајте секс двапати во текот на денот.

Ден 4: Читајте еротика пред спиење и прочитајте една приказна на глас.

Ден 5: Секс под туш.

Ден 6: Масирајте се еден со друг пред да имате секс.

Ден 7: Брз секс кој трае 10 минути или помалку. Изберете забавно место и време, како кујнската маса.

Ден 8: Секс во автомобил или веднаш штом ќе се вратите дома.

Ден 9: Секс на фотелја.

Ден 10: Направете си сензуална масажа пред секс користејќи го омиленото масло.

Ден 11: „Дозволен“ е само орален секс. Секој од вас нека го задоволи другиот, но не ја применувајте позата 69.

Ден 12: Играјте BDSM игра, откријте кој од вас двајцата повеќе ужива во улога на доминантен, а кој на субмисивен партнер.

Ден 13: Доведете се до оргазам со взаемно мастурбирање и по можност темпирајте се д кулминирате во исто време.

Ден 14: Најдете ново место за секс во куќата.

Ден 15: Гледајте се еден со друг како мастурбирате или користите секс-играчки.

Ден 16: Пробајте една од три напредни пози од „Камасутра“ кои ќе ги изберете заедно.

Ден 17: Пробајте секс играчки заедно.

Ден 18: Гледајте барем 30 минути порно филм заедно. Може да се допирате или да имате секс за време на филмот.

Ден 19: Пробајте секс со врзани очи. Едниот, па другиот.

Ден 20: Пишете си пораки со вашите сексуални фантазии.

Ден 21: Заедно посетете секси продавница и купете по еден производ.

Ден 22: Снимајте се. Што ќе направите со секс видеото потоа е ваша заедничка одлука.

Ден 23: Ден за „обичен“ секс.

Ден 24: Посветете се на игрите. Можете да користите коцки мраз или други реквизити кои ве привлекуваат.

Ден 25: Направете сексот да трае подолго и да биде поспонтан. Идеално, тоа би било 45 минути, пожелно е и двајцата доживеете оргазам.

Ден 26: Секс во хотелска соба.

Ден 27: Одете во ресторан на вечера, допирајќи се под масата. Завршете ја вечерта со секс.

Ден 28: Ден на повеќекратни оргазми. После секој оргазам, галете се и обидете се да го достигнете следниот оргазам.

Ден 29: Дозволете паричката да одлучи кој партнер ќе доминира. Одредете си сигурен збор со кој ќе се осигурате дека нема да ја преминете границата на согласноста.

Ден 30: Секс маратон - останете будни што е можно подолго, ако е можно цела ноќ.

Ден 31: Гушкајте се и бакнувајте се долго, па дури потоа водете љубов.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Љубов и секс

3 најлоши постапки што можете да ги направите ако дознаете дека партнерот ве изневерил

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Психолог предупредува на 6 збора што може да ја уништат врската

Read more

Дали сексот во врска навистина е подобар?

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

Рецепт на денот: Ќофтиња со кашкавал и зеленчук

Читај повеќе

Како да го намалите нивото на кортизол во телото ако постојано сте под стрес?

Читај повеќе

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Читај повеќе

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Читај повеќе

Која храна содржи најмногу пластика?

Читај повеќе

Стевчо собра повеќе потписи од гласови – поразот главна тема на социјалните мрежи

Читај повеќе

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Читај повеќе
  • play_arrow

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Читај повеќе

Каде грешиме со појадокот и поради тоа имаме проблеми со надуеност?

Читај повеќе