Дали BMW ги „спојува“ сериите 4 и 8 во нова серија 6?

BMW наводно планира да направи промени кога е во прашање понудата на модели, главно поради состојбата на пазарот, односно побарувачката.

Побарувачката за купеа и кабриолет е намалена во последните години, а купувачите се чини дека избегнуваат помалку практични автомобили и се свртуваат кон теренци и кросовери. Затоа автомобилските компании направија одредени потези, а меѓу нив е и Mercedes кој не само што ги „згаси“ купе и кабриолет од S-Class, туку и AMG GT Roadster и SLC. Покрај тоа, се верува дека верзиите со две врати на C-Class и E-Class ќе бидат споени во еден модел под ознаката CLE.

Германскиот гигант BMW би можел да направи нешто слично, според гласините и автомобилските списанија кои тврдат дека купе и кабриолет од серијата 4 и купе и кабрио од серија 8 нема да дочекаат нова генерација, туку дека двете семејства ќе се „спојат“ во новата Серија 6 од 2026 година.

Серијата 6 е сè уште тука бидејќи BMW продолжува да го продава Gran Turismo на некои пазари како алтернатива на серијата 5 Touring и веројатно е само прашање на време кога GT ќе се повлече. За четири години, понудата од Серија 6 би можела да изгледа сосема поинаку.

И додека серијата 4 Gran Coupe не се споменува, поголемиот брат Серија 8 Gran Coupe, ќе стане дел од семејството на Серија 7, најверојатно како поелегантна алтернатива на традиционалниот седан.

Ревитализацијата на Серија 6 има смисла имајќи предвид дека ова име има важно историско значење за баварскиот бренд. Најверојатно ќе се базира на новата платформа Neue Klasse, што значи дека ќе биде фокусирана на електрификација.

Тагови
реклама

Месечен хороскоп за април: Три знака ќе имаат животен пресврт

Read more

Том Хенкс со години се бори со тешка болест која ја добил поради улога

Read more

Зошто Германија и Јапонија сериозно се вооружуваат?

Read more

Пресврт - iOS 17 ги носи најбараните функции на iPhone

Read more

Авто новости

Како да го отворите капачето на резервоарот кога е заглавено?

Read more

Renault го претстави новиот Espace

Read more

Подобро и од легнат полицаец

Read more

Volkswagen откри што е потребно да се произведе е-автомобил од 20.000 евра

Read more
 

Автомобили

  • play_arrow

Како да го отворите капачето на резервоарот кога е заглавено?

Читај повеќе
  • play_arrow

Renault го претстави новиот Espace

Читај повеќе
  • play_arrow

Подобро и од легнат полицаец

Читај повеќе

Volkswagen откри што е потребно да се произведе е-автомобил од 20.000 евра

Читај повеќе
  • filter

Легендарниот Mercedes 230 SL денеска слави 60-ти роденден

Читај повеќе

Дали смее моторот да работи додека полните гориво?

Читај повеќе

Бензинците сè попопуларни во Германија

Читај повеќе

Постигнат е договор за дизел и бензински возила во ЕУ

Читај повеќе

Volkswagen потврди: Доаѓа новиот Passat

Читај повеќе