Дали детето ви е разгалено?

Од првиот ден, родителите го сакаат само најдоброто за своите деца. Обидувајќи се да ги направат среќни и задоволни нивните наследници, често паѓаат во стапицата наречена разгалено дете.

Скоро секој родител барем еднаш се прашал дали е тоа случај и со неговото малечко. Ако го препознаете однесувањето на вашето дете во следните 7 описи, знајте дека воспитувате малку разгалено дете.

Стоите во ред на каса во продавница кога вашето дете ќе земе нешто од полицата и ве моли да го ставите во количката. Ако кажете „не“,вика „те мразам“ доволно гласно за сите да го слушнат или почнува да плаче и да вреска. Луѓето ве гледаат, а вие поцрвенувате, бидејќи веќе можете да ги видите како си мислат: „Колку е разгалено“. Ако оваа сцена ви изгледа позната, не сте сами. Всушност, 59% од родителите сметаат дека нивните деца се повеќе разгалени отколку што биле тие на иста возраст. За да се стави крај на ова, експертите за родители откриле знаци дека детето е разгалено.

Кое дете е разгалено? Разгаленото дете е навикнато да добива сè што сака - кога сака.

1. Не го сфаќаат значењето на зборот „не“

Сите деца можат да го изразат своето разочарување кога ќе им кажете дека не може, на пример, да добијат пица за вечера две ноќи по ред. Сепак, разгалените деца тешко го прифаќаат одговорот „не“. Тие едноставно не прифаќаат „не“ како одговор. Разгалените деца не можат да го поднесат тој збор. Тие очекуваат да го добијат она што го сакаат и обично го добиваат на крајот.

2. Никогаш не се задоволни од она што го имаат

Разгалените деца мислат дека можат да ги имаат сите играчки и целата облека на светот, но тоа никогаш не е доволно: тие сакаат повеќе и повеќе. Бидејќи имаат многу, обично се груби и малку алчни. Наместо да изразат благодарност за она што го имаат, тие се повеќе фокусирани на следното што го посакуваат.

3. Мислат дека светот се врти околу нив

Разгалените деца имаат тенденција да размислуваат само за себе и за своите потреби. Не се загрижени за тоа како нивните постапки влијаат на другите луѓе. Разгалените деца повеќе мислат на себе отколку на другите, па очекуваат нивните желби и потреби секогаш да бидат исполнети.

4. Сакаат веднаш да го добијат она што го сакаат

Разгалените деца не се особено трпеливи. Кога сакаат нешто, го сакаат веднаш. Обично на родителите им е полесно да се предадат и да им дадат што сакаат отколку да ги гледаат како хистерично се „трескаат од земја“.

5. Не сакаат да губат

Ниту едно дете не ужива да губи - без разлика дали се работи за друштвена или физичка игра - но разгалените деца уште потешко доживуваат загуба. Ако вашето дете секогаш ги обвинува другите за лошите резултати, им вика на другите кои не ги прават работите како што замислило тоа и не препознава кога неговите соиграчи се успешни - имате разгалено дете.

6. Не се предаваат сè додека не го добијат она што го сакаат

Разгалените деца можат да користат манипулативни тактики за да го добијат она што го сакаат, без разлика дали тоа вклучува лага или нешто друго. На пример, одат кај едниот родител и лажат дека другиот веќе го одобрил нивното барање.

7. Одбиваат да завршат дури и едноставни задачи, додека не ги молите или не ги подмитите со нешто

Нормално е децата да бараат нешто за возврат - како грицки или можност за подолго време пред ТВ - за да ги соберат играчките или да ги измијат забите. Меѓутоа, ако вашето дете често одбива да прави основни работи сѐ додека не го поткупите со пари или играчки - големи се шансите дека е разгалено дете.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Живот

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Милано размислува да забрани продажба на сладолед по полноќ

Read more

Три знаци кои ги откриваат нарцисоидните мајки

Read more

5 лекции што најуспешните деца ги учат од родителите

Read more
 

Магазин

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Читај повеќе

5 знаци кои покажуваат дека не јадете доволно

Читај повеќе

Милано размислува да забрани продажба на сладолед по полноќ

Читај повеќе

Дали можете да ги најдете сите 12 животни во оваа илустрација?

Читај повеќе

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Читај повеќе

Три знаци кои ги откриваат нарцисоидните мајки

Читај повеќе

Личен тренер откри колку протеини дневно треба да внесуваме за успешно слабеење

Читај повеќе

Лекарка предупредува на 4 симптоми на смртоносен рак што не смее да се игнорираат

Читај повеќе

5 лекции што најуспешните деца ги учат од родителите

Читај повеќе