Дали е љубов или си имате работа со опасен манипулатор?

Понекогаш во врската сите аларми се вклучени и сите ги гледаат и слушаат, се чини само вие сте слепи и глуви, во име на љубовта.

Бидејќи сме заљубени и сакаме врската да опстои, тешко и е да ги видиме и прифатиме овие предупредувачки знаци.

Прочитајте ги овие знаци на чиста манипулација што партнерите кои се вешти манипулатори ги претставуваат како љубов.

Овие партнери се токсични и не се добри за вас, без разлика колку добри и романтични работи прават за вас.

Секогаш мора да знае каде си

Сосема е ок партнерот да биде известен за твоите планови, но ако го следи твојот дневен распоред до минута и сака да знае точно каде си, со кого и што правиш, тоа е веќе знак на опсесивност и параноја, а не љубов.

Ти не си нечија сопственост, а со постојана контрола не се гради доверба, туку златен кафез.

Постојано се јавува и праќа пораки

Комуникацијата е клучна во секоја врска. Јавувањето и праќањето пораки обично е поинтензивно на почетокот на врската и е разбирливо дека сакате да ја чуете саканата личност. Но, кога тие повици и пораки почнуваат да стануваат алатка за контрола и следење, тоа е знак за обид за манупулација, а не љубов базирана на доверба.

Ако се наоѓаш во позиција постојано да се објаснуваш зошто не си одговорила веднаш на порака или не си кренала по првото ѕвонење, време е за сериозен разговор, а можеби и прекинување на врската.

Наметнува теми на разговор

Секој има свои граници и конфор зона. Ако партнерот те притиска да му кажеш работи кои ти не сакаш да ги споделиш, тоа е јасен знак на емоционално малтретирање.

Овие манипулатори најчесто сакаат да извлечат информации за тебе или за твоите блиски, за да може подоцна да ги злоупотреби против вас. Ова е далеку од романтично однесување. Овој човек не те сака тебе, сака да поседува некој кој ќе му се плаши.

Само вие двајца

Убаво е чувството да знаеш дека си нечиј приоритет и дека сака да поминува време со тебе. Но, се раѓа сомнеж кога ќе сфатиш дека тој нема пријатели, не е близок со семејството, не го сакаат колегите... Другата крајност може да биде дека не сака да те запознае со нив.

Јасен знак за неговата посесивност, а не љубов, е инсистирањето поретко да се гледаш со твоите пријатели, членови на семејството, колеги и колешки, додека тоа не се сведе на само на официјални средби на кои по можност и тој ќе присуствува.

Те „прогонува“ на социјалните мрежи

Неговата „љубопитност“ не застанува на испрашување каде си и со кого си. Тој го анализира секој твој чекор на социјалните мрежи, кои ти се пријатели на Facebook, чија фотографија си лајкнала на Instagram, што си напишала на Twitter… И потоа следат долги дискусии по секоја точка за твојата активност на социјалните мрежи.

Што е следно? Да побара лозинка за твоите профили?

реклама
Тајните на една држава: Зошто Финска е меѓу најуспешните земји во светот?

Тајните на една држава: Зошто Финска е меѓу најуспешните земји во светот?

Read more
Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Read more

Како на филм: Воз предизвикал уривање на дел од мост и се запалил

Read more

Историски преседан во Лигата на шампиони

Read more

Љубов и секс

Колку сексуални партнери пред вас се „премногу“?

Read more

Што ви се случува во телото откако ќе земете „вијагра“?

Read more

Хороскопски знаци кои важат за најљубоморни во врска

Read more

Правило што мора да го почитувате на првиот состанок

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

Предупредувачки знаци дека црниот дроб ви е полн со токсини

Читај повеќе

Колку сексуални партнери пред вас се „премногу“?

Читај повеќе

Драма кралици: Хороскопски знаци кои претеруваат за сѐ

Читај повеќе
  • play_arrow

Опсесијата со здрава храна е болест и тешко се лекува

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Промашување на векот: Најголемиот трговски центар во светот зјае празен

Читај повеќе

Не мора да јадете помалку јаглехидрати за да слабеете

Читај повеќе

ECDC излезе со препораки за заштита од новиот сој омикрон

Читај повеќе

Што ви се случува во телото откако ќе земете „вијагра“?

Читај повеќе

Предлог за денешниот семеен ручек: Говедски гулаш со печурки

Читај повеќе