Дали е подобро да се купи понов автомобил со поголема километража или постар со помала?

Кога купувате користени возила, километражата е стандардно прашање. Дали големата километража мора да значи и послаб автомобил?

Кога купуваат, клиентите може да се најдат во дилема: Дали е подобро да се купи понов автомобил со поголема километража или постар со помала?

Матас Бузелис, експерт од CarVertical, компанија која собира податоци за автомобили, вели дека иако е точно дека треба да избегнувате автомобили со повеќе од 300.000 километри, тоа не е секогаш потребно.

Постарите автомобили со помала километража може да изгледаат како добар избор и покрај нивната возраст. Сепак, треба да се биде внимателен.

„Важен е квалитетот на користеното возило и начинот на кој се одржува. Ако историјата покажува постојано зголемување на километражата, а автомобилот е редовно одржуван, не би требало да имате многу проблеми со него. Во спротивно, подобро е да се избегне или внимателно да се испита“, вели тој.

Сепак, тоа не мора да значи дека постар автомобил со голема километража сè уште не може да се користи. Според експертите, постојат исклучоци. Како пример ги наведува користените автомобили Mercedes-Benz, кои можат да поминат 400.000 километри, и уште да се добри.

Според Бузелис, „златното доба“ за купување половен автомобил е меѓу три и пет години.

Во тоа време, возилото е веќе дебело амортизирано, а во следните три до пет години амортизацијата веќе нема толку брзо да се зголемува.

„Постојат возила кои можат да поминат 200.000 километри за само неколку години. Особено поновите дизел автомобили се многу погодни за подолги патувања. Важно е, сепак, да се акумулираат километри на автопати, а не во градски сообраќај“, вели Бузелис.

Сепак, секогаш вреди да се земат предвид информациите за историјата на сервисирање.

„Без овие податоци, секој автомобил може да биде дупка за пари“, вели Бузелис.

реклама

Хирон влегува во Бик по 50 години: Голема среќа за 3 хороскопски знаци

Read more

Крај на доплатата за рачен багаж во Европа: Бесплатен куфер со секоја карта од 2027 година

Read more

Трамп преку ноќ го укина пристапот на Европа до најмоќните AI модели

Read more

Едноставен рецепт кој плени со својата свежина: Сочен колач со лимон и ф'стаци

Read more

Авто новости

Откриени нови детали за долго очекуваниот Tesla Cybercab

Read more

Голем тест: Колку може да поминат електричните автомобили со 0% батерија?

Read more

Зошто возачите забрзуваат кога ги престигнувате? 

Read more

Xiaomi го испорача она што Tesla го вети пред повеќе од 10 години

Read more

Автомобили

Откриени нови детали за долго очекуваниот Tesla Cybercab

Читај повеќе

Голем тест: Колку може да поминат електричните автомобили со 0% батерија?

Читај повеќе

Зошто возачите забрзуваат кога ги престигнувате? 

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Xiaomi го испорача она што Tesla го вети пред повеќе од 10 години

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Audi го покажа новиот суперавтомобил во акција на тест патеката

Читај повеќе

Кинески BYD објави кога ќе стане најголем производител на автомобили во светот

Читај повеќе

Porsche открива планови за иднината: Дали навистина доаѓа електричен 911?

Читај повеќе
  • play_arrow

Возачи, внимавајте: AI камери во Грција казнуваат празни совозачки седишта

Читај повеќе

Кинезите шокираа: Колку далеку може да возат електричните автомобили?

Читај повеќе