Дали ќе ја решите загатката што Илон Маск ја поставува на интервјуата за работа?

На интервју за работа, Илон Маск често им поставува на кандидатите необични прашања, но и загатки.

Според книгата „Elon Musk: Tesla, Space X and the Search for a Fantastic Future“, на новинарката Ашели Венс, Маск наводно им ја поставува својата омилена загатка на потенцијалните вработени за да ги фати неподготвени.

„Стоите на површината на Земјата. Одите една милја на југ, една милја на запад и една милја на север. Стигнавте до местото од каде што тргнавте. Каде сте?“, гласи загатката што Маск им ја поставува на кандидатите на интервју за работа во неговите компании.

Загатката всушност има повеќе одговори, според Popular Mechanics. Првиот одговор е Северниот Пол. Ако ги следите чекорите во логичкиот проблем, движејќи се на југ, запад и север, ќе создадете триаголна патека што води назад кон Северниот Пол. Вториот одговор е Јужниот Пол.

Замислете круг со обем од една милја што го има Јужниот Пол во центарот. Ако одите една милја северно од овој круг, ќе патувате една милја јужно, една милја западно околу кругот, а потоа една милја северно назад до вашата почетна точка.

Иако прашањето е комплицирано, кандидатите не биле премногу строго оценувани врз основа на нивните одговори. Тоа е повеќе начин да се испита начинот на кој кандидатите пристапуваат кон решавање на проблемите.

Тагови
реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Чек дис аут

Дали можете да ги најдете сите 12 животни во оваа илустрација?

Read more

„Село на духови“ кое стана популарна туристичка атракција

Read more

За што служи металниот дел на пакувањето од саламите?

Read more

Што навистина значат боите на знамињата на САД, Италија, Германија и Грција?

Read more
 

Магазин

Која храна содржи најмногу пластика?

Читај повеќе

Стевчо собра повеќе потписи од гласови – поразот главна тема на социјалните мрежи

Читај повеќе

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Читај повеќе
  • play_arrow

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Читај повеќе

Каде грешиме со појадокот и поради тоа имаме проблеми со надуеност?

Читај повеќе

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Читај повеќе

5 знаци кои покажуваат дека не јадете доволно

Читај повеќе

Милано размислува да забрани продажба на сладолед по полноќ

Читај повеќе

Дали можете да ги најдете сите 12 животни во оваа илустрација?

Читај повеќе