Дали Хелените ја откриле Америка многу пред Колумбо?

Официјалното откривање на Америка му се припишува на Кристофер Колумбо, иако со сигурност се знае дека векови пред него во Северна Америка стигнале Викинзите. Но, постои сомневање дека речиси цел милениум пред Викинзите во Америка стигнале Хелените.

Најновото истражување, засновано на ревизија на дијалогот напишан од старогрчкиот историчар Плутарх, кој живеел од 46 до 119 година, покажува дека Хелените навистина биле првите што стигнале до Америка.

Д-р Јоанис Лирицис, професор по археологија на Егејскиот универзитет, го проучувал дијалогот на Плутарх и врз основа на тоа ја развил теоријата дека Хелените биле првите што стигнале до дотогаш неоткриениот континент.

Имено, во текстот на Плутарх „De Facie“, постои дијалог помеѓу Ламбриј и Картагинецот Сула, во кој Ламбриј бара повторно да му ја раскаже приказната за далечното патување, алудирајќи на Сула кој го посетил храмот во Картагина после патувањето кон новиот свет.

Токму оваа митска приказна на грчкиот филозоф Плутарх го натерала да размисли кој всушност ја открил Америка.

Повеќе од мит

Понатамошните истражувања тврдат дека врз основа на астрономија Хелените успеале да го одредат прецизното движење на атлантските струи за долги патувања.

Д-р Лирицис понатаму ја развива својата теорија базирана на заедничка работа со астроном, метеоролог и експерт за информатичка технологија.

Според патувањата на ликот од текстот „De Facie“, младите патници кои би сакале да одат на новиот континент, би патувале на секои 30 години, кога планетата Сатурн, која Хелените ја викале Хронос, се појавувала во coѕвездието Бик.

Друг аспект на оваа митска приказна се однесува на затемнувањето на Сонцето кое е тесно поврзано со планетата Сатурн и е опишано во приказната.

Според тоа, научниците пребарувале записи за затемнувања стари пет милениуми.

На тоа пат, откриле дека специфично затемнување, што се случило во 75 година од новата ера, кога планетата Сатурн навистина се појавила во соѕвездието Бик.

Користејќи нова софтверска технологија, научниците сфатиле дека Сатурн влегол во соѕвездието Бик трипати во децениите околу затемнувањето на Сонцето - од 26 до 29, 56 до 58 и 85 до 88 година од новата ера.

Тимот научници го искористил затемнувањето на Сонцето во 75 година за да го пресметаат времето на дијалогот помеѓу Ламбриј и Сула, кој патувал на неоткриениот континент.

Врз основа на ова, тимот, со помош на модерна технологија, успеал да го одреди времето кога Сатурн последен пат влегол во соѕездието Бик, а тоа била во 56 година од новата ера.

Истражувачите претпоставуваат дека патувањето требало да започне истата година, за да се пристигне во Северна Америка следната година, односно 57 година, бидејќи патувањето траело година дена.

Древните Хелени останале во Америка една година, за да се вратат во својата татковина во 58 година, односно кога планетата Сатурн излегла од соѕвездието Бик.

Ова е последното пишување на Плутарх за долгото патување на неговиот патник.

Географските описи ја потврдуваат теоријата

Понатамошната анализа на дијалогот на Плутарх се однесува на дефинирање на географската област на нивниот пат. Во текстот се споменува „големиот континент“ надвор од границите на островот Огија, за што, според текстот, се бара патување од пет дена.

Тој исто така споменува дека хеленските доселеници стигнале до „големиот континент“ преку залив што е еднаков на делтата на реката Волга.

Со помош на Google Earth, д-р Лирицис рачно повлекол линија од ова место преку Атлантикот и сфатил дека води до Заливот Св. Лоренс во Канада.

На крајот од овој заклучок, тимот експерти верува дека старите Хелени патувале во Америка со надеж дека ќе најдат материјално богатство, или нови верски убедувања.

Плутарх

Бил старогрчки биограф и есеист кој живеел од 46 до 119 година од новата ера, во римско време. Станал римски граѓанин под името Луциј Местриј Плутарх, а живеел во родниот град Херонеја, близу до Делфи. Нам ни е познат по делото „Животот на Александар“, но најпознати дела му се „Напоредни животописи“ и „Моралија“, напишал биографски дела и за Цезар и Пир, а има и уште дела кои се сметаат за изгубени.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Едно цвеќе е идеално за балконите кои повеќе се во сенка

Read more

Симптоми на висок крвен притисок кои се јавуваат за време на спиењето

Read more

Вести

Европа е под топлотен стрес - се загрева најбрзо од сите континенти

Read more

На повидок нов револуционерен начин на потрага по вонземен живот

Read more

Маж во Холандија имал ковид 613 дена: Пронајдени се над 50 мутации на вирусот

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more
 

Гик

Европа е под топлотен стрес - се загрева најбрзо од сите континенти

Читај повеќе

На повидок нов револуционерен начин на потрага по вонземен живот

Читај повеќе

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Читај повеќе

Маж во Холандија имал ковид 613 дена: Пронајдени се над 50 мутации на вирусот

Читај повеќе
  • play_arrow

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Читај повеќе

Дали Стив Џобс е заслужен за создавањето на TikTok?

Читај повеќе
  • play_arrow

Побрз, подобар, попаметен - запознајте го Atlas, новиот хуманоиден робот

Читај повеќе

Зошто треба да исклучувате Wi-Fi навечер?

Читај повеќе

Последен поздрав од Марс

Читај повеќе