Дали научниците се на чекор до предвидување земјотреси?

Сеизмолозите веќе некое време знаат за кратките, суптилни аномалии во подземните електрични полиња што се случуваат пред земјотрес; понекогаш неколку недели порано, но досега не им беше јасно што точно ги предизвикува.

Ново истражување сугерира дека одговорот може да лежи во гасовите што се акумулираат пред земјотресот. Имено, непропустливите карпести слоеви можат да се лизгаат над раседите, блокирајќи го протокот на подземните води. Кога пука оваа блокада и се намалува притисокот, се ослободува јаглерод диоксид или метан растворен во заробената вода, кој сè повеќе се шири и пробива во пукнатини на раседот. Гасот е електрифициран затоа што ослободените електрони од карпестата површина се прицврстени на молекулите на гасот, пишува Science Alert.

Во лабораторија, научниците ги тестираа реакциите на кварцен диорит, базалт и ситно-гранулиран гранит во симулации слични на земјотрес. Откриле дека наелектризираните гасни струи навистина може да бидат поврзани со фрактура на карпите.

Дали со ова може да се предвиди земјотрес?

Друга хипотеза е дека електромагнетните празнења се јавуваат кога карпите стануваат полупроводници поради покачена температура и стрес, додека некои експерти веруваат дека овие празнења не можат да бидат предиктори за земјотреси.

Ќе знаеме само по понатамошно истражување дали овие избивања навистина можат да предвидат земјотрес. Ако се покаже дека се навистина предвидувачи на земјотрес, би можеле да се приближиме чекор поблиску до попрецизно предвидување на вакви настани.

„Како резултат на овој лабораториски експеримент, може да биде можно да се открие електричен сигнал што го придружува земјотресот со набљудување на телурична струја предизвикана во спроводник, како што е челичната цевка за вода закопана под земја. Оваа идеја сега поминува низ теренски тестови на моделот“, велат научниците.

Тагови
реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Роберт де Ниро откри кои му се најомилените актери на сите времиња

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Наука

НАСА: Упс!

Read more

Најсилната соларна бура во историјата беше поголема отколку што мислевме

Read more

Месечината се превртела одвнатре нанадвор пред милијарди години

Read more

Имаме само уште две години да ја спасиме планетата Земја

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Читај повеќе

Дали Стив Џобс е заслужен за создавањето на TikTok?

Читај повеќе
  • play_arrow

Побрз, подобар, попаметен - запознајте го Atlas, новиот хуманоиден робот

Читај повеќе

Зошто треба да исклучувате Wi-Fi навечер?

Читај повеќе

Последен поздрав од Марс

Читај повеќе
  • filter

Зошто Сан Марино никогаш не се обединило со Италија?

Читај повеќе

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Читај повеќе
  • filter

Boring Phone е антисмартфон создаден во соработка помеѓу Heineken и Bodega

Читај повеќе
  • filter

Фосили од огромен морски рептил пронајдени во Англија

Читај повеќе