Дали Netflix навистина ги избриша сите филмови со Џони Деп?

Светските медиуми пренесуваат дека Netflix USA и Netflix Australia донеле одлука да не ги прикажуваат, односно да ги избришат од понудата сите филмови во кои игра Џони Деп.

Како што се наведува, причина за тоа е неодамнешната судска одлука според која Деп е осуден за физичко и психичко малтретирање на поранешната сопруга Амбер Херд, пренесува The Sun.

Ваквите тврдења денеска беа побиени во објава на веб-страницата whats-on-netflix.com, што се води како „најголемата неофицијална фан-страница за Netflix и ваш водич за сѐ што е ново и допрва ќе дојде на Netflix“.

Во текстот стои дека објавите во разни медиуми дека Netflix ги отстранил сите филмови со Џони Деп од репертоарот, „не само што се лажни, туку и покажуваат непознавање на начинот на кој функционира Netflix“.

Понатаму, авторката на текстот Кејси Мур додава дека обично не се занимаваат со побивање гласини, но сметаат дека е важно да се разјасни оваа ситуација и да помогнат „да се изгаснат пожарите“. Исто така се додава дека медиумот нема да дава никакви коментари во врска со судскиот спор или карактерот на Деп.

„Прво, и ова го кажувам со големо жалење, некои новински куќи ‘се фатија’ за неколку вирални твитови без да ја проверат нивната вистинитост. Виралната објава на која се повикуваат повеќето медиуи е твит со 49 ретвита и неколку стотици лајкови. Една од другите рани објави што ја ‘собраа’ оваа информација беше објавата на Reddit каде што се разговараше за отстранувањето на The Rum Diaries“, стои во текстот.

Што навистина се случува со филмовите на Џони Деп на Netflix?

Во објавата на Reddit, тие конкретно се повикуваат на „The Rum Diaries“. Овој наслов пристигна на Netflix USA на 6 декември 2019 година. Точно една година подоцна, замина од Netflix.

Причината за ова е што сите филмови на Џони Деп се лиценцирани на Netflix од Universal, Paramount, Disney и Warner Brothers. Ова значи дека на филовите им завршува циклусот на Netflix и пак се обновува (или не) во зависност од тоа кој дистрибутер ги позајмува.

Она што се случи сега е фактот дека има празнина на платформата, односно период во кој нема филмови со Џони Деп и тоа погрешно беше протолкувано како некаква намерна хајка на Netflix против Деп.

„Може да ги пребарувате сите филмови со Џони Деп на нашата страница и да видите дека тие полека се додаваат и отстрануваат со текот на времето, како и кога ќе почнат нивните договори за лиценцирање со Netflix“, стои во текстот.

На глобално ниво, многу филмови со Џони Деп сè уште се достапни на стриминг платформата Netflix. На пример, во Велика Британија се достапни Dark Shadows, Donnie Brasco, Blow, Charlie and the Chocolate Factory, Corpse Bride и Rango.

Кејси Мур на крај пишува: „Заклучокот е – новинари, работете си ја работата како што треба“.

Тагови
реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Едно цвеќе е идеално за балконите кои повеќе се во сенка

Read more

Симптоми на висок крвен притисок кои се јавуваат за време на спиењето

Read more

Филм & ТВ

Како Џон Траволта го импресионирал Тарантино за да му ја даде главната улога во Pulp Fiction?

Read more

Првиот трејлер за Deadpool & Wolverine ги одушеви фановите

Read more

Зошто Netflix ги укинува сериите што ги сакаме?

Read more

Џон Траволта и Николас Кејџ ќе снимаат продолжение на култниот Face/Off

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Како Џон Траволта го импресионирал Тарантино за да му ја даде главната улога во Pulp Fiction?

Читај повеќе
  • play_arrow

Првиот трејлер за Deadpool & Wolverine ги одушеви фановите

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто Netflix ги укинува сериите што ги сакаме?

Читај повеќе
  • play_arrow

Џон Траволта и Николас Кејџ ќе снимаат продолжение на култниот Face/Off

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Дејвид Бекам ги обедини „Спајс грлс“ за роденденот на Викторија

Читај повеќе

Леонардо Дикаприо го игра Френк Синатра во новиот филм на Скорсезе

Читај повеќе

Повторно зад решетки: Уапсен актерот Сергеј Трифуновиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Лажен трејлер за новиот Џејмс Бонд доби милиони прегледи: Го сакаме него!

Читај повеќе