Дали Netflix постојано ви ја покажува оваа грешка? Има решение

Пуканките се готови, удобно се сместивте пред лаптопот или телевизорот и подготвени сте за „малку“ Netflix, но одеднаш на екранот се појавува „We're having trouble playing this title right now“.

Овој баг има и техничко име tvq-pb-101 и иако е иритантна, сепак не е нерешлива. MakeUseOf наведе неколку од најчестите причини и нивните придружни решенија.

Не ви работи интернетот? Рестартирајте го

Една од најчестите причини за овој проблем е вашата интернет врска. Само затоа што можете да пристапите до Netflix, не значи дека вашата интернет врска е активна. Прво, проверете дали телевизорот, таблетот или компјутерот се поврзани на интернет. Друг проблем може да биде бавниот интернет. Ако станува збор за рутерот, ви предлагаме да го исклучите и вклучите, а ако и тоа не ви помогне - јавете се на вашиот интернет провајдер.

Рестартирајте го уредот

Рестартирањето на уредот, колку и да е рутинско, може да помогне и при проблеми со Netflix.

Повторно инсталирајте ја апликацијата

Ако сè уште добивате грешка во апликацијата и откако повторно ќе се поврзете на интернет и ќе го стартувате уредот, време е да се позанимавате со самиот Netflix.

Ако се обидете да се поврзете со него преку приватен прозорец или друг уред, можно е грешката да не се појави пак. Откако заклучивте дека грешката не се јавува на други уреди, деинсталирајте го Netflix и преземете го повторно.

Избришете го cache на Netflix

Cache се користи за да се забрза работата на апликацијата, но со Netflix може да стане преголем и да почне да го успорува или да го „паѓа“.

За да го решите овој проблем на Netflix, одете во Settings > General > Apps or Applications > Netflix > Storage и таму изберете Clear Data или Clear Storage.

Проверете ја количината на слободен простор

Xbox или PlayStation честопати можат да пријават грешка при пуштање наслови на Netflix ако нивниот cache e полн. Ако вашиот диск е полн со игри и апликации, време е да се расчисти.

Преземете го насловот повторно

Грешката tvq-pb-101 на Netflix понекогаш се јавува кога се обидувате да гледате нешто што сте го презеле за гледање offline. За да ја поправите оваа грешка, само избришете го постојниот наслов и преземете го повторно. Влезете во делот за преземање на Netflix, кликнете на „моливчето“ и потоа на црвената икона X покрај насловот што ја исфрла грешката.

Тагови
реклама

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда?

Read more

Интернет

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Драмата продолжува: TikTok под истрага, ѝ се заканува тужба

Read more

Закерберг му ја украде големата идеја на Маск

Read more

Како да добиете попрецизни резултати кога пребарувате со Google?

Read more
 

Гик

Астронаутите ќе однесат растенија на Месечината во 2026 година

Читај повеќе

Како да го изберете вистинскиот паметен телефон за вас?

Читај повеќе

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Читај повеќе

Телескопот Euclid се одмрзна и повторно ѕирка во темната вселена

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Што донесе бесплатното ажурирање за Gran Turismo 7?

Читај повеќе

Климатските промени ја забавија ротацијата на Земјата

Читај повеќе

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Читај повеќе
  • filter

Гејминг симулаторот Pagani Huayra R изгледа импресивно

Читај повеќе

Драмата продолжува: TikTok под истрага, ѝ се заканува тужба

Читај повеќе