Дали ова е најдобрата реклама?

Пивото Ichnusa ја има, веројатно, најдобрата реклама годинава.

Ichnusa (Икнуза) е пиво од Сардинија, поточното од пиварница во гратчето Асемини близу Каљари. Датира од 1912 година, а од 1986 година пиварницата е во сопственост на холадскиот гигант Heineken.

Под слоганот „Anima sarda“ (Сардинска душа), пивото се рекламира низ цела Италија, но годинава излезе со најдобра и најоригинална, а сепак многу едноставна реклама.

На фотографирана стаклена амбалажа од пивото Ichnusa фрлено меѓу карпи на плажа, стои пораката:

„Ако треба да заврши вака, воопшто не нѐ пијте“.

Моќна порака за зачувување на природата од ѓубрето на човекот. Уживајте во пивото, но амбалажата соодветно одложете ја.

Покрај обичниот лагер Ichnusa, постојат и варијации како Spirtu, Ichnusa Speciale, Ichnusa Cruda, Ichnusa Limone, Ichnusa non filtrata и Ichnusa Ambra Limpida.

реклама

Чек дис аут

Топ 12 ненаселени места во светот

Read more

Корисни домаќински трикови со кондоми

Read more

Војна на кујните: Италијанска одмазда

Read more

Малиот сакал диносаурус за роденден

Read more
 

Магазин

За гурмани: Докопани во сос од сланина, јаболка и павлака

Читај повеќе

Четири нискогликемиски намирници кои поддржуваат здраво слабеење

Читај повеќе

Летото ќе промени сѐ: Хороскопски знаци кои мора да се подготват за љубовни турбуленции

Читај повеќе

Маск му донесе интернет на племе во Амазон и ги навлече на порнографија

Читај повеќе

Црвеното грозје го намалува холестеролот и има антистареечки ефекти

Читај повеќе

Како да го забрзате метаболизмот: Многу е полесно отколку што мислите

Читај повеќе

Сарма ќофтиња за мрзливи во кујна

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 12 ненаселени места во светот

Читај повеќе
  • play_arrow

Трик за лесно ослободување од досадните семки од пиперките

Читај повеќе