Дали постои љубов на прв поглед?

Прашањето за љубов на прв поглед се отвора често и има различни мислења за тоа што всушност претставува таа хемија меѓу луѓето.

Психолози од Универзитетот Гронинген во Холандија го истражувале овој феномен што најчесто се поврзува со романтичните комедии.

Разочарувачката вест за романтичарите е заклучокот на научниците дека она што луѓето го сметаат за љубов на прв поглед е само многу силна физичка привлечност.

Истражувањето било спроведено на 396 испитаници, од кои 60% биле жени, повеќето од нив хетеросексуални, а големо мнозинство студенти од Германија и Холандија.

На учесниците преку онлајн анкети им биле поставувани прашања во врска со нивната актуелна љубовна врска (ако ја имале), а потоа им биле покажувани фотографии на странци чија привлечност требало да ја оценат.

Испитаниците имале задача да ги истакнат сите чувства поврзани со љубов, како сексуална привлечност, интимност, страст, посветеност и ерос, кои биле мерени со изјави како „чувствувам како да сме судени еден за друг“.

Испитаниците исто така одговарале на прашања дали некогаш почувствувале љубов на прв поглед.

Потоа биле спроведувани и други истражувања, што вклучуваат кратко запознавање,при што учесниците имале можност да поминат 20 до 90 минути запознавајќи се.

Научниците потоа им поставувале прашања во врска со нивните потенцијални партнери.

Земајќи ги предвид резултатите од сите испитувања, 32 учесници (од кои поголемиот дел мажи) одговориле дека 49 пати почувствувале љубов на прв поглед. Меѓутоа, се работи за силна физичка привлечност, со оглед на тоа дека скалата на привлечност се состоела од 5 степени, а девет одовори се преклопувале.

Тоа не било случај со кратките запознавања каде немало обострано признавање на љубов на прв поглед.

„Нашите резултати покажаа дека чувството на љубов на прв поглед на реален состанок не личи ни на стравствена љубов, ни на љубов воопшто“, велат научниците.

Тие сметаат дека она што ние мислиме дека е љубов на прв поглед е само силна првична привлечност што некои ја карактеризираат како љубов, или ретроспективно или во самиот момент на прв поглед.

Интересен факт е тоа што испитаниците кои биле во врска додека траело истражувањето и верувале дека се заљубиле во нивните партнери на прв поглед, покажале повисоко ниво на страст во нивните врски во споредба со оние кои не рекле дека се работело за љубов на прв поглед.

Треба да се напомене дека сите ситуации во истражувањето биле создадени во вештачки услови и не биле реални ситуации. Тоа може да им ја врати надежта на романтичарите кои веруваат дека љубов на прв поглед постои и ќе им се случи.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Љубов и секс

Дали сексот во врска навистина е подобар?

Read more

Венера во Овен до 29 април: 4 хороскопски знаци ќе доживеат големи промени во љубовта

Read more

Дали го знаете правилото 7-7-7? Може да го спаси бракот!

Read more

Колку често мажите и жените помислуваат на секс?

Read more
 

Магазин

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Читај повеќе

Дали сексот во врска навистина е подобар?

Читај повеќе
Како да направите совршени американски палачинки?

Како да направите совршени американски палачинки?

Читај повеќе

Топ 10 европски градови кои најубаво мирисаат

Читај повеќе

Рани симптоми на дијабетес кои не смееме да ги игнорираме

Читај повеќе

Дали сончањето за време на бременоста може да биде опасно за бебето?

Читај повеќе

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Читај повеќе
  • play_arrow

Вирална снимка од поплавите во Дубаи: Мачка очајно се држи за автомобил

Читај повеќе
  • play_arrow

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Читај повеќе