Дали правилно ги пумпате гумите во ладните месеци?

Во областите кадешто има повеќе снег на патиштата во зима, постои старо верување дека недоволно напумпаните гуми се подобри за возење на снег бидејќи имаат поголем контакт со подлогата.

Иако ова не е технички неточно (некогаш е корисно за полесно излегување од длабок песок), всушност никогаш не е безбедно намерно да се вози со низок притисок во гумите, дури и при снег и ниски температури.

Возењето со недоволно напумпани гуми во ладните месеци, особено кога има снежни врнежи, ја зголемува веројатноста за судар поврзан со пневматиците, според студијата на американската Национална управа за безбедност на сообраќајот на патиштата.

Значи, само правилно напумпани гуми подобро возат низ снег, штедат гориво и последно, но не и најмалку важно - траат подолго.

Обично ги пумпаме автомобилските гуми од повеќето модели на притисок од 2 до 2,4 бари, а препорачаната бројка за вашиот автомобил, која обично е означена на налепница некаде на автомобилот (обично на внатрешниот лим или рамката на вратата), треба да се применува во текот на целата година, бидејќи нема различни бројки за лето или зима.

Температурата влијае на притисокот

Сепак, надворешната температура сепак влијае на притисокот во гумите, па кога ќе пристигнат минусните температури ќе треба почесто да ги проверувате и полните гумите со воздух отколку во летните месеци за да го одржите идеалниот притисок, кој е еден од најважните фактори за безбедност при возење.

Во пракса, многу производители на гуми проценуваат дека се губат 0,06 бари за секои 10 степени пад на надворешната температура. Исто така, паркирањето на автомобилот на подолг временски период во ладните месеци најчесто резултира со делумно издишани гуми.

Ако вашиот автомобил има систем за следење на притисокот во гумите, предупредувачкото светло ќе се активира кога притисокот падне за најмалку 25 проценти. Оваа „ситница“ е особено корисна за следење на притисокот во гумите при ладно време.

Ако го немате овој сензор, проверете ги гумите веќе откако вашиот автомобил е паркиран само неколку часа (возењето ја зголемува температурата на воздухот, а со тоа и притисокот на воздухот во гумите) за да ја добиете најточната бројка за загуба во споредба на пропишаната. Задолжително проверете го препорачаниот притисок за предните и задните гуми, бидејќи обично предните се пумпаат околу 0,2 бари повеќе од задните поради тежината на моторот под хаубата.

реклама

Авто новости

Експерт открива кои девет модели на автомобили најмалку се расипуваат

Read more

Stellantis прави чистка во Европа: Кои брендови се во најголем ризик од исчезнување?

Read more

Како кинеските производители ги искористија „дупките“ во царините и ја зголемија продажбата во Европа

Read more

Експертите го избраа најдобриот половен семеен автомобил

Read more
 

Автомобили

Експерт открива кои девет модели на автомобили најмалку се расипуваат

Читај повеќе

Stellantis прави чистка во Европа: Кои брендови се во најголем ризик од исчезнување?

Читај повеќе

Citroën експериментираше со дизајнот и го создаде концептот ELO

Читај повеќе

Како кинеските производители ги искористија „дупките“ во царините и ја зголемија продажбата во Европа

Читај повеќе

Експертите го избраа најдобриот половен семеен автомобил

Читај повеќе

Сè повеќе купувачи се откажуваат од електричните автомобили, се враќаат на бензинци​

Читај повеќе

Volkswagen работи на автономно возило без волан и педали

Читај повеќе

Каде во Европа ќе купите најдобри половни автомобили?

Читај повеќе

Volkswagen ја менува стратегијата

Читај повеќе