Експертите за безбедност на податоците не потсетуваат дека најдобро е да се прават повеќе копии на важни податоци.
Во светот, само 33 отсто од луѓето редовно прават резервни копии на нивните податоци, додека повеќе од 77 отсто од луѓето веќе се соочиле со загуба, според истражувањето на Kaspersky.
Експертите за безбедност на податоците, по повод Светскиот ден на резервните копии, кој се одбележува на 31 март, потсетија дека најдобро е да се направат повеќекратни копии на важни податоци.
Податоците треба да се зачувуваат со помош на сигурни методи за складирање и има неколку причини зошто се препорачува да имате што е можно повеќе резервни копии.
Прво, уредот на кој се чуваат податоците може едноставно да се изгуби, украде или оштети.
Закани за безбедноста на податоците се и напади со откупни софтвери (ransomware). Ова е малициозен софтвер кој го заклучува вашиот компјутер и потоа бара откуп за да го отклучи.
Во некои случаи, дури и плаќањето на откупот не помага во враќањето на податоците на заразениот уред.
Нашите уреди содржат гигабајти информации, од кои повеќето немаат вредност. Создавањето резервни копии на таков обем одзема многу време и може да биде скапо.
Главниот совет од експертите на Kaspersky е правилно да се рангираат податоците и да се сортираат ставките за кои треба да се направи резервна копија со проценка на нивната релевантност, навременост и можност за враќање.
Ако датотеката, записот или лозинката се застарени или може да се заменат со понова верзија, резервната копија може да се прескокне. Ако се работи за нови или многу вредни информации, неопходно е да се направи резервна копија и пожелно е да има повеќе од една копија.
Најпопуларните опции за резервна копија се обично Облакот или услугите за екстерно складирање.
И двата од овие методи имаат свои предности и недостатоци.
На пример, Облак услугите овозможуваат моментален пристап до информации каде и да се наоѓа лицето, но бараат редовни претплати.
Во исто време, екстерните хард дискови се сигурни мемории кои бараат само едно плаќање, но пристапот до информациите на овие уреди е возможен само кога се при рака.
Затоа, складирањето во Облак се смета за совршена опција за складирање датотеки и фотографии кои секогаш треба да бидат достапни со неколку кликања, додека услугите за надворешно складирање се посоодветни за архиви на податоци и големи датотеки, како што се филмови или видеа кои ретко се користат.
Целокупната статистика покажува дека денес повеќето луѓе ја избираат технологијата на облак како главна опција за складирање податоци.
Специфичните податоци како лозинки, податоци за идентификација или финансиски информации бараат уште побезбедни методи за складирање.
Меѓу потенцијалните решенија, менаџерот за лозинки е опција која ги штити чувствителните лични информации, го спречува нивното губење и овозможува моментален пристап до нив во секое време.
Автоматското пополнување на автентикација и банкарски информации значи дека корисниците не мора да запомнат важни информации и сигурно ги штити податоците од компромитирање.