Дали се случува „самрак на боговите“ во руската армија?

Сергеј Суровикин беше разрешен од позицијата врховен командант на руските вооружени сили во Украина. Наместо тоа кормилото го презеде Валериj Герасимов. Дали Путин на тој начин ја балансира политичката моќ на различните струи во руската армија?

Генералот Сергеј Суровикин три месеци беше врховен командант на „специјалната воена операција“, како што Русија сè уште официјално ја нарекува војната за агресија против Украина. Во четвртокот тој беше разрешен од функцијата врховен командант во Украина од страна на министерот за одбрана Сергеј Шојгу. Ова не е прва реорганизација на руска страна од почетокот на инвазијата, а за Суровикин е деградирање на позицијата заменик командант. Началникот на Генералштабот Валериј Герасимов сега, барем формално, го презеде руското воено раководство во Украина, пишува Deutsche Welle.

Оваа последна промена во низата доаѓа во изненадувачки момент, бидејќи Русија прави мал воен напредок за прв пат по неколку месеци. Воените експерти не се согласуваат околу причините за отпуштањето, бидејќи Суровикин всушност не направил многу во воена смисла за време на неговото време како врховен командант на руските сили во Украина. Покрај тоа, се вели дека тој е релативно популарен меѓу армијата и дека одржува добри контакти со припадниците на тврдата струја. Тогаш зошто беше разрешен?

Успесите на Суровикин

Под водство на Суровикин, руската армија се повлече од украинскиот град Херсон. Откако првично беше припоен целиот регион Херсон, повлекувањето од единствениот регионален главен град што беше освоен се смета за политички срам за Кремљ.

Меѓутоа, од воен аспект, а според експертите, таа одлука била исправна, бидејќи руските позиции на западниот брег на Днепар повеќе не можеле да се држат. Повлекувањето беше успешно само по себе, изјави за DW експертот за безбедност Андраш Рач од Германското друштво за надворешна политика: „Суровикин успеа да организира релативно уредно повлекување од западниот брег на Днепар, го стабилизираше фронтот долж Харковската област и во северниот дел на Луганск. […] Значи, од руска оперативна гледна точка, тој добро си ја заврши работата“.

Според медиумите, руското воено раководство успеало да извлече големо количество материјали и персонал, меѓу кои и некои од најелитните единици на руската армија - падобранци, пред Украинците кои напредувале од Херсон. Ова може да биде од одлучувачко значење за Русија во понатамошниот тек на војната.

Кобните одлуки на Герасимов

За разлика од Суровикин, Герасимов, во очите на некои набљудувачи, веќе ја докажа својата неспособност во првите денови од војната. Заедно со министерот за одбрана Сергеј Шојгу, Герасимов донесе голем број фатални одлуки при планирањето на инвазијата, особено на северот на Украина.

Дара Масикот, воен експерт од американскиот институт RAND Corporation, напиша на Twitter: „Под команда на Шојгу и Герасимов, беа уништени големи делови од руските копнени и воздушни единици - и опрема, и жива сила. Илјадници исчезнаа. Тоа воено раководство постапи толку несовесно што во секој нормален систем одамна ќе беше отстранетo“.

Балансирањето на Путин

Значи, што се случува во руското Министерство за одбрана? Според политикологот Андреј Колесников од Carnegie Endowment for International Peace Institute, има различни струи во рускиот безбедносен апарат кои се борат за моќ. На едната страна се поумерените сили со Шојгу и Герасимов. На другата страна се тврдокорните, меѓу кои особено популарен е Сергеј Суровикин, заедно со Рамзан Кадиров, шеф на руската република Чеченија и Евгениј Пригожин, шеф на злогласната платеничка група Вагнер.

Според Колесников, одлуката за соборување на јастребите во Министерството за одбрана ја донел во Кремљ никој друг туку самиот Владимир Путин: „Гледаме како Путин на овој начин ја балансира политичката моќ на различни струи. Тој игра игра и со едните, и со другите - се бори со нив, но и ги држи на око и внимава никој од нив да не стане премногу силен“.

Со ова мислење се согласува и Дмитриј Орешкин, политиколог и професор на Слободниот универзитет во Рига. Тој за DW вели: „Се работи за обезбедување на моќта [на Путин]“. За да го направи тоа, Путин мора да дејствува како посредник меѓу овие моќни групи во војската. Во исто време, промовира конкуренција меѓу различните страни за никој да не стане премногу моќен“.

Од специјална операција до војна

Во исто време, според Орешкин, назначувањето на Герасимов за врховен командант во Украина претставува ново ниво на ескалација, бидејќи досега само обичните генерали ја водеа т.н. „специјална воена операција“: „На овој начин Путин признава дека тоа веќе не е специјална операција предводена од обични команданти, туку вистинска војна во која е вклучена цела Русија“, смета Орешкин.

Андраш Рач од Германското друштво за надворешна политика, сепак, не верува дека многу ќе се промени за руската војска на оперативното поле во иднина: „Тешко дека Герасимов ќе го преземе оперативното раководство, тој последен пат командуваше со трупите пред десет години“.

Според Рач, поверојатно е дека тој како врховен командант ќе ја преземе координацијата меѓу различните единици, додека Суровикин ќе остане да раководи на терен, пишува Deutsche Welle.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Свет

Fox News открива: САД потрошиле најмалку 113 милијарди долари за војната во Украина

Read more

Во Таџикистан уапсени 9 лица поврзани со масакрот во Москва

Read more

Израел ја нападна Сирија: 38 загинаа во Алепо, меѓу кои и членови на Хезболах

Read more

Лавров: Украинскиот план е бесмислен, вклучува повлекување на нашата армија од освоените територии

Read more
 

Вести

Fox News открива: САД потрошиле најмалку 113 милијарди долари за војната во Украина

Читај повеќе

Во Таџикистан уапсени 9 лица поврзани со масакрот во Москва

Читај повеќе

Донесено упатство за радиодифузерите за претседателските и парламентарните избори

Читај повеќе

Три лица искасани од кучиња скитници во Скопје

Читај повеќе

Петровска: Судот донесе одлука дека Ковачки неправедно ме клеветел

Читај повеќе

Тешка сообраќајна несреќа во Кичево: 3 млади лица го загубија животот, има и тешко повредени

Читај повеќе

Денеска се отвора Џевахир Мол Скопје во Аеродром

Читај повеќе

Притвор од 48 часа за две лица кои се задржани по убиството на лекарот во Железара

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Нашата идна Влада ќе спроведе ограничување на маржите на лековите и проширување на позитивната листа за бесплатни лекови

Читај повеќе