Ако отсекогаш сте посакувале да станете агент на истражна служба како ФБИ, сигурно знаете дека има бројни критериуми кои треба да ги исполнувате.
Еден од нив е тестот за физичка подготвеност кој покажува дали кандидатот е подготвен да одговори и на физичките задачи кои се дел од оваа професија.
„Животите на колегите и оние кои ги штитат можеби ќе зависи од вашиот капацитет за трчање на долги патеки, да пукате во движење, без разлика на позицијата“, изјави во 2015 година за The New York Times Џејмс Коми, тогашен директор на Федералното истражно биро на САД.
Дали го имате она што е потребно за извршување на оваа работа во поглед на физичката спремност?
Апликацијата FBI FitTest ќе го даде одговорот. Според оваа апликација, ќе треба да направите 58 стомачни вежби за 1 минута, да истрчате 400 метри за 41 секунда, да направите 71 склек, да истрчате 2,4 километри за помалку од 9 минути и да направите најмалку 20 кревања на шипка. Меѓу секој сет вежби се дозволени паузи од по 5 минути.
Оние кои ќе ги задоволат овие критериуми добиваат 50 поени, а за да влезат на „списокот за увид“ треба да имаат најмалку 12 бодови.
„Овие информации се прибираат само во вашиот телефон, не ги подготвува ФБИ, не се пријава за работа, туку само занимливост за љубопитните фит луѓе“, стои во описот на апликацијата.