Дали треба да го замените шеќерот со мед?

Доктор Тим Спектор од Кралскиот колеџ во Лондон објасни зошто замената на шеќер со мед нема значително да влијае на здравјето на забите и на нивото на гликоза во крвта, пишува Daily Mail. Според него, шеќерот не треба да се замени со мед.

Докторот објасни дека единствената разлика меѓу различните видови шеќер, мед и јаворов сируп е цената. Овие производи генерално се сметаат за безбедна алтернатива на белиот шеќер, но тие не помагаат во заштитата на забите од расипување или за спречување дијабетес.

Спектор нагласува дека молекулата на шеќер е идентична и во обичниот шеќер и во медот. Секој од нив може да предизвика скокови во нивото на гликоза во крвта.

Зголемувањето на концентрацијата на гликоза во крвта е нормално после јадење, но драстичните флуктуации на нивото го зголемуваат ризикот од дијабетес и болести на срцето и циркулаторниот систем.

Докторот додал дека квалитетниот мед помага при кашлица, но умерената употреба на шеќер не е „штетна“. Мажите не треба да консумираат повеќе од 36 грама додаден шеќер дневно, а жените не повеќе од 25 грама додаден шеќер дневно.

Најпознати природни шеќери се сахароза, гликоза, фруктоза, лактоза и малтоза. Најбезбедниот природен засладувач е стевиата.

Тагови
реклама

Здравје

Помалку познати симптоми кои можат да укажуваат на бременост

Read more

Зошто никогаш не треба да го носите телефонот во WC?

Read more

Онколог споделува шест навики што го зголемуваат ризикот од рак

Read more

Теорија за бисерните обетки: Моден додаток што ги брка мажите

Read more
 

Магазин

Говорот на телото може многу да открие: Како да препознаете дали партнерот ве лаже?

Читај повеќе

Помалку познати симптоми кои можат да укажуваат на бременост

Читај повеќе

Зошто постарите луѓе имаат специфичен мирис?

Читај повеќе

Светски ден на чоколадото: Објавена мапа на земјите според потрошувачката, како стои Македонија?

Читај повеќе

Кое е најлошото време за наводнување на градината во лето?

Читај повеќе

Една состојка може да ја спаси вашата градина од суша

Читај повеќе

Пржено свинско со ориз и зеленчук

Читај повеќе

Колкав коефициент на интелигенција има просечниот Македонец?

Читај повеќе
  • play_arrow

Како може да ви украдат пари од банкомат?

Читај повеќе