Дали Украина најде начин да го блокира Северен поток 2?

Украински Нафтогас аплицира за учество во постапката за издавање сертификат за операторот на „Северен поток 2“, изјави генералниот директор на компанијата, Јуриј Витренко.

„Аплициравме за учество во сертификацијата на операторите на Северен поток 2“, рече Витренко на брифинг со новинарите, додавајќи дека компанијата аплицирала за да докаже дека овој гасовод не може да биде лиценциран.

Тој изјави дека „главната позиција на Нафтогас е дека „Северен поток 2“ не може да се сертифицира бидејќи не е обезбедена целосна усогласеност со европското законодавство“, пренесува агенцијата ТАСС.

Витренко очекува дека апликацијата на Нафтогас за учество во постапката за сертификација нема да биде одбиена.

„Германија мора да ја вклучи Украина во процесот на сертификација“, рече тој.

Рускиот претседател Владимир Путин пред неколку дена изјави дека нападите врз гасоводот „Северен поток 2“ се обид да се натера Русија да плати за геополитичкиот проект на Западот во Украина.

"Зошто сѐ се врти околу Северен поток 2? Сакаат да ја натераат Русија да плати за нивниот геополитички проект во Украина“, рече рускиот претседател на видеосредба со водачите на парламентарните групи во Државната дума.

Според него, сето тоа е „прилично примитивно“, објави ТАСС.

„Ние тоа одамна го сфаќаме. Тоа е светот во кој живееме“, рече Путин.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Бизнис

Паднаа акциите на Netflix

Read more

Tesla отпушта 300 работници во фабриката кај Берлин

Read more

Волстрит паѓа четврти ден по ред

Read more

Народна банка: Основната каматна стапка се задржува на нивото од 6,30 отсто

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе