Дали универзалните all season гуми се оптимален избор?

За два дена, на 15 ноември, почнува да важи обврската за задолжително поседување зимска опрема во возилата, која ќе трае сѐ до 15 март наредната година. Дали сте подготвени?

Согласно член 361 став (1) од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата моторните возила и мобилните машини кога учествуваат во сообраќај на пат, во периодот од 15 ноември до 15 март задолжително треба да поседуваат пропишана зимска опрема, согласно одредбите утврдени во Правилникот за задолжителна опрема на возилото, велосипедот и запрежно возило за безбедно учество  во сообраќајот на патиштата, како и на трактори за безбедно извршување на земјоделски односно шумски работи.

Идејата што некогаш беше маргинализирана, сега станува сè поактуелна со секоја потопла зима - зимски или универзални (all season) гуми?

Тоа го потврдуваат и продажните резултати, па така продажбата на гуми за сите сезони (all season) во 2021 година во Европа е зголемена за 35%, покажуваат податоците на Европската асоцијација на производители на пневматици (ETRMA). Нема сомнеж дека сè повеќе возачи се свртуваат кон универзалните гуми (за сите сезони). За нешто помалку од десет години, уделот на корисници на универзални гуми е двојно зголемен. Од земја до земја, во зависност од климатските услови, овој удел варира, но може да се заклучи дека денес секој четврти автомобил вози на all season гуми.

Разлики помеѓу зимски и all season гуми

Зимските гуми, како што кажува нивното име, се специјално дизајнирани за возење во зимски услови. Таму снегот или теренот покриен со снег е само еден од условите во кои се неопходни зимски гуми.

Накратко, зимските гуми ги покажуваат сите свои предности на температури пониски од 7 Целзиусови степени. Ќе ги препознаете по карактеристичната мекост дури и при пониски температури. Од страната на гумата ќе ги видите симболите за снегулка и планина.

Гумите за сите сезони, како што сугерира името, се наменети за употреба во текот на целата година. Затоа, тие мора да ги исполнуваат карактеристиките на високи, но и на ниски температури. За да се постигне ова, овие гуми нудат комбинација од карактеристики на летни и зимски пневматици.

Во лето не се совршени во однос на лепливоста на површината и повеќе се трошат, а во зима ќе задржат задоволителни својства додека не преовладуваат екстремни зимски услови.

Токму затоа овие гуми не се користат на северот на Европа, каде ни зимските гуми не се доволни, но и зошто тие се, на пример, омилен избор на градските автомобили. Освен што се потивки, решаваат и еден проблем, а тоа е сезонската замена на гумите, што чини време и пари.

Зимски услови

Ако зборуваме за зимска опрема, ќе помине гума за сите сезони со соодветна ознака и е далеку подобра опција од летните со профил од 4 мм и синџири, бидејќи зимската опрема е дефинирана со закон.

Кога преовладуваат вистински зимски услови, гумата за сите сезони нема да ве спаси. Зимската гума овде е неоспорна, со подлабоки шари и жлебови за отстранување на снегот и за подобро „лепење“ на мраз.

Поблагите зими во прилог на гумите за сите сезони

Во однос на перформансите, гумите за сите сезони се полоши и од летните, и од зимските. Нудат компромис, па затоа се добар избор во клими каде што температурата паѓа под 7 Целзиусови степени во зима, но нема обилен снег и често замрзнати патишта.

Последниве години речиси и не сме виделе снег во низините, а драстично е намален бројот на денови со негативни температури. Нема замрзнат дожд или мраз, а сè оди во прилог на фактот дека гумите за сите сезони не се лош избор.

Ако на сè се додаде помалку бучава и неколку стотини евра заштеди за секоја (не)изведена размена, јасно е дека тие се наметнуваат како оптимален избор за просечните возачи кои не остваруваат голема километража.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Авто новости

Први фотографии: Новиот Citroën C3 Aircross има 7 седишта

Read more

Пад во продажбата на автомобили, производителите го преиспитуваат укинувањето на бензинците

Read more

Ford почна да прима нарачки за најмоќниот Mustang досега

Read more

Volkswagen инвестира 2,5 милијарди евра во Кина

Read more
 

Автомобили

  • filter

Први фотографии: Новиот Citroën C3 Aircross има 7 седишта

Читај повеќе

Пад во продажбата на автомобили, производителите го преиспитуваат укинувањето на бензинците

Читај повеќе
  • filter

Ford почна да прима нарачки за најмоќниот Mustang досега

Читај повеќе

Volkswagen инвестира 2,5 милијарди евра во Кина

Читај повеќе

Само што се појави, а новиот Alfa Romeo веќе мора да го смени името

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Најпродаваниот модел на BMW добива наследник

Читај повеќе

Дали жените се повнимателни возачи од мажите?

Читај повеќе
  • filter

Peugeot конечно го покажа тајниот прототип 208 Cabriolet

Читај повеќе

BMW со првите фотографии го најави претстојното доаѓање на новиот X3

Читај повеќе