Дали ве бие глас на лош љубовник?

За жените е има малку работи што се толку разочарувачки колку ситуацијата кога ќе се најдат за првпат во кревет со маж што го сакаат и ќе откријат дека тој не е многу добар љубовник.

Експертката за секс Клер Кавана за списанието Glamour сподели со мажите неколку совети за тоа како да станат подобри во сексот и да не бидат запаметени како лоши љубовници.

Таа истакува неколку работи за кои вели дека се пример за тоа како не треба, односно се причина зошто мажите ги бие лош глас кога станува збор за нивните сексуални вештини.

1. За време на орален секс, го користите само врвот на јазикот

Клер заклучува дека мажите честопати го земаат овој пример од порно филмовите, а познато е дека порно филмовите често не се најдоброто место за да се „соберат“ идеи и да се научи техника.

„Одличниот орален секс вклучува повеќе од само врвот на јазикот. За почеток, обидете се да лижете со целата должина на јазикот и секогаш можете да ја прашате вашата партнерка која техника ѝ одговара најдобро“, пишува таа.

2. Премногу брзо движење со колковите, како „машина за бушење“

Мажите обично го прават ова стравувајќи да не ја изгубат ерекцијата или премногу брзо да ејакулираат, но жените често преферираат побавно темпо. Секако, секогаш слушајте ги желбите или барем говорот на телото на партнерката.

3. Претпоставувате дека партнерката секојпат ќе доживее оргазам

Вашата партнерка не може секогаш да достигне оргазам, но тоа не е единствената цел за време на сексот. Ако се чувствува под притисок да сврши за да не ве навреди, тоа само ќе ги отежни работите. Разговарајте со неа и прашајте ја во што ужива. На многу жени им е потребна стимулација на клиторисот за да доживеат оргазам. Не срамете се да донесете некоја сексуална играчка како вибратор во спалната соба, што може многу да ви помогне.

4. Агресивни сте со клиторисот

Клиторисот е почувствителен кај некои жени отколку кај други, но обично се препорачува да се започне со лесна и нежна стимулација и да се види како ќе реагира партнерката. Повторно, секоја жена е различна и за ова, како и за сѐ друго поврзано со сексот, разговарајте, без разлика дали сте сексуални партнери за една ноќ или сте во романтична врска.

5. Го игнорирате клиторисот

Ова е многу лош потег затоа што ѝ дава до знаење на вашата партнерка дека не се грижите за нејзиното задоволство. Ако не се справувате со ситуацијата, замолете ја да ве насочи наместо само да го прескокнете клиторисот.

6. Не сакате да користите кондом

Нема изговор. Ако избегнете употреба на кондом, очигледно е дека не се грижите за сопственото или сексуалното здравје на вашата партнерка.

реклама

Принцот Филип опериран од срце во стотата година од животот

Read more

Кој е најмудриот хороскопски знак според астролозите?

Read more

Со измени на Законот за легализација на дивоградби се продолжува неговата важност за уште пет години

Read more

L'Equipe не штедеше навреди за Ѓоковиќ, дури и на лично ниво

Read more

Љубов и секс

Може ли сексот да биде замена за тренинг? Еве колку калории ќе потрошите

Read more

Вечна „љубов“: Држави во кои немате право на развод

Read more

Ако партнерот ви го постави ова прашање, веројатно размислува за неверство

Read more

Знак на здрава врска: Пет кавги што ги водат дури и најсреќните парови

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

Зошто треба да ја наведнете главата напред кога ви тече крв од носот?

Читај повеќе
  • play_arrow

Тајмлапс видео од сеизмичките активности на Нов Зеланд

Читај повеќе

Интересни факти за луѓето родени во март

Читај повеќе

Германските корона-скептици маскирани на протест

Читај повеќе

Што ќе се случи со вашето тело ако престанете да јадете брза храна?

Читај повеќе

Брзо и вкусно: Модар патлиџан и домати со моцарела

Читај повеќе
  • play_arrow

Мајмуни во зоолошката во Сан Диего примија вакцина против коронавирусот

Читај повеќе

Јапонски научници открија како коронавирусот може да се пренесе преку разговор

Читај повеќе
  • play_arrow

30-минутни вежби за затегнати нозе

Читај повеќе