Дали ви следува платежна картичка од четвртиот пакет мерки?

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев, во придружба на заменик-претседателите и министрите од економските ресори, вчера одржа прес-конференција на која беше презентиран четвртиот пакет економски мерки за ревитализирање на економијата во услови на COVID-19, усвоен на денешната седница на Владата.

„Првите три сета мерки ги запреа сериозните удари од пандемијата како здравствено - општествена криза и спречија социјално-економски последици кои во вакви ситуации можат да бидат драматични и долгорочни. Четвртиот пакет мерки е директна помош за економската и социјалната сигурност на нашите сограѓани, како и за поттик на приватната потрошувачка како стимулатор на општествениот раст“, рече Заев.

Како дел од мерките, се продолжува со платежни картички за граѓаните за поголема потрошувачка и за развој на домашните економски дејности.

Овојпат платежни картички со износ од 6.000 денари ќе добијат 5.726 самохрани родители, пензионерите со пензии до 15.000 денари, односно 182.271 наши сограѓани пензионери, невработените кои се пасивни баратели на работа, односно 85.108 граѓани, самостојните уметници, филмски работници, културни работници и естрадни уметници чија бројка е 520 корисници.

Платежни картички „Купувам домашно“ ќе добијат уште 540 студенти, кои во претходниот пакет не ги добија овие картички, а за што навремено и со право реагираа претставниците на студентите.

Плус поддршка за ученички и студентски стандард од 44 милиони денари за 2020 година добиваат 884 студенти и 347 ученици.

Опфатени се и оние граѓани кои се над 64 години, а немаат пензија, ниту државна социјална пензија и се со приходи пониски од 15.000 денари, или воопшто немаат приходи.

Со тоа, оваа мерка опфаќа на 283.000 наши граѓани, а нејзината вредност изнесува 27,6 милиони евра.

Конечната листа на корисници на финансиска поддршка со податок за име и презиме на корисникот и банката во која ја поседува трансакциската сметка, Генералниот секретаријат на Владата на Република Северна Македонија ја објавува на www.kupuvamdomasno.gov.mk.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Македонија

Апасиев од Титов Велес: Сиромашниот Албанец ни е поблизок од Кочо Анѓушев

Read more

Во вторник предизборен молк, до тогаш продолжува презентацијата на изборните програми

Read more

Пендаровски: Понудата на Мицкоски за коалицирање е знак на слабост

Read more

Викендов променливо облачно со локален дожд

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Апасиев од Титов Велес: Сиромашниот Албанец ни е поблизок од Кочо Анѓушев

Читај повеќе

Во вторник предизборен молк, до тогаш продолжува презентацијата на изборните програми

Читај повеќе

Пендаровски: Понудата на Мицкоски за коалицирање е знак на слабост

Читај повеќе
  • play_arrow

Силно невреме со поплави во Грција, Волос без струја

Читај повеќе

Големи експлозии во база на проиранската милиција во Ирак

Читај повеќе

Викендов променливо облачно со локален дожд

Читај повеќе

Филмот на Цветановски со награда за најдобар филм во Калифорнија

Читај повеќе

Посебен сообраќаен режим викендов во Скопје поради предизборни митинзи

Читај повеќе

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе