Дали за поголеми автомобили треба да се плаќа поскап паркинг?

Германците ја разгледуваат опцијата за наплата на надомест за паркирање врз основа на големината на возилото.

Решението изгледа едноставно, и е дел од концептот со кој Секторот за урбанизам сака да ги намали емисиите на јаглерод диоксид во центарот на градот.

Здружението на германските градови најави дека ќе побара од владата во Берлин да ги натера сопствениците на поголеми автомобили да плаќаат повеќе за паркирање. Тренд е да се купуваат сè повеќе големи автомобили, што е во целосна спротивност со поставените цели за заштита на животната средина и намалување на потрошувачката на енергија.

Според Федералната управа за моторен транспорт, речиси 30 отсто од 2,65 милиони продадени нови возила минатата година биле SUV модели. Оттаму велат, логично е реалните трошоци за паркирање и возење да им се припишат на сопствениците на големи возила.

Идејата за проширување на паркинг местата или пренамена на катните паркинзи за зголемен број теренци се смета за апсурдна, пренесува de24live.de.

Се чини логично дека сопственикот на Smart долг 2,69 метри, кој испушта 87 грама јаглерод диоксид на километар, да плати помалку од возачот на речиси двојно подолг Mercedes S-класа, кој испушта 211 грама.

„Одлична идеја е да се наплаќа за паркирање на јавни места врз основа на големината на возилото“, вели Петра Шафер, професор по сообраќајно планирање и јавен транспорт на Универзитетот за применети науки во Франкфурт.

Сепак, Шефер не ја исклучува можноста за правни и организациски пречки.

Препораки за големината на паркинг местата даде и шефот на тимот експерти на Друштвото за истражување на патишта и сообраќај.

Интересно е што најголемиот менаџер на паркинг места во Европа, Apcoa Parking, со 1,4 милиони паркинг места на 8.400 локации во 12 земји и годишен приход од околу една милијарда евра, со години нуди XXL паркинг места широки 3,50 метри за семејни возила и теренеци.

„Многу возачи се подготвени да прифатат доплата. Веруваме дека во големите градови ќе преовладуваат тарифите за паркирање приспособени на големината на возилото и моменталната пополнетост на гаражата.

Што мислите вие, дали на сопствениците на поголеми коли треба да им се наплаќа поскап паркинг?

реклама

Плутон влегува во Водолија после 200 години: Што ќе ни донесе?

Read more

Три најчесни знаци од Зодијакот на кои секогаш можете да се потпрете

Read more

Запознајте се со хотелите на Фибула за сезона 2023 и одберете одмор од соништата

Read more

Огромни резерви на гас и нафта откриени во Тунис и Либија

Read more

Авто новости

Од Скопје до Рим со едно полнење на батеријата

Read more

Ferrari: Хакирани сме, но нема да платиме откуп

Read more

Одредени финалистите на Националниот избор за Автомобил на годината во Македонија

Read more

Шампионскиот болид на Шумахер од 2000 година ќе се продава на аукција

Read more
 

Автомобили

  • play_arrow
  • filter

Од Скопје до Рим со едно полнење на батеријата

Читај повеќе

Ferrari: Хакирани сме, но нема да платиме откуп

Читај повеќе
  • filter

Одредени финалистите на Националниот избор за Автомобил на годината во Македонија

Читај повеќе

Шампионскиот болид на Шумахер од 2000 година ќе се продава на аукција

Читај повеќе
  • play_arrow

Секси Golf

Читај повеќе

Објавен новиот план на ЕУ за забрана на дизелаши и бензинци

Читај повеќе
  • play_arrow

„Франкенштајн“ на тркала

Читај повеќе
  • filter

Lamborghini Urus го помина ирскиот третман во Carlex

Читај повеќе

Audi се откажува од уште еден легендарен модел

Читај повеќе