Дали заврши сагата за Салах и Ливерпул?

Ливерпул е многу блиску до продолжување на договорот со египетскиот напаѓач Мохамед Салах (32), кој истекува следното лето, пренесуваат многу британски медиуми.

Пред неколку дена се чинеше дека незадоволниот Салах ќе го напушти „Енфилд“ на крајот од сезоната, за што зборуваше и самиот, но сега многу поизвесно е дека ќе остане во клубот чиј дрес го носи седум години.

Менаџерот на Салах инсистираше на тригодишен договор, додека Ливерпул првично понуди едногодишен договор.

Како резултат на преговорите, страните постигнале компромис и нов двегодишен договор, пренесуваат медиумите од Островот.

Финансиите, наводно, никогаш не биле проблем во преговорите со Салах бидејќи тој веќе е еден од најплатените играчи во клубот со плата од 480.000 евра неделно.

Да потсетиме, Салах дојде во Ливерпул од Рома и одигра вкупно 377 натпревари и постигна 226 голови со 101 асистенција.

Сезонава тој е најдобар стрелец во Премиершип со 13 постигнати голови, а лидери се црвените со 35 бода.

реклама

Колач ден и ноќ идеален за Свети Јован

Read more

Тепачка во авион од Германија што слетал на скопскиот аеродром

Read more

16-годишник со автомобил удрил во пешак во Скопје

Read more

Израел и Иран постигнаа таен договор преку Русија

Read more

Фудбал

Милан испрати понуда до Партизан за Андреј Костиќ

Read more

Роналдо е најплатен спортист во 2025 година, заработи двојно повеќе од Меси

Read more

Времеплов: 76 години од потегот што го инспирираше логото на Panini

Read more

Баерн подготвува сензационален трансфер на Фернандеш

Read more
 

Спорт

Милан испрати понуда до Партизан за Андреј Костиќ

Читај повеќе

Роналдо е најплатен спортист во 2025 година, заработи двојно повеќе од Меси

Читај повеќе
  • filter

Времеплов: 76 години од потегот што го инспирираше логото на Panini

Читај повеќе

Баерн подготвува сензационален трансфер на Фернандеш

Читај повеќе
  • play_arrow

Боно со чудесна одбрана го однесе Мароко во финалето на АФКОН

Читај повеќе

Стартува 17-тото ракометно ЕУРО, Македонија утре го игра првиот натпревар

Читај повеќе
  • play_arrow

Реал Мадрид се посрамоти, испадна од Копа дел Реј од второлигашот Албасете

Читај повеќе
  • play_arrow

Мане со еврогол ги исфрли Салах и Египет, Сенегал е финалист на АФКОН

Читај повеќе
  • play_arrow

Аматер го победи најдобриот тенисер во светот и освои милион долари

Читај повеќе