Дали земањето брис за КОВИД-тест го оштетува мозокот и други митови за коронавирусот

Може ли да се заразите преку сетот за тестирање за коронавирус? Дали назалниот брис ќе ви предизвика оштетување на мозокот? Ако само издишете на стапчето за земање брис, дали ќе бидете позитивни? Ви ги претставуваме одговорите на најчестите заблуди.

Брис од нос не може да го оштети мозокот

Не, брис од нос не се зема на крвно-мозочната бариера. Имено, мозокот има неколку слоеви на заштита. Покрај черепот, тој е заштитен и со мозочните обвивки (менинги) кои го одделуваат од коскениот дел, а тој е потопен во цереброспинална течност која го исполнува вентрикуларниот систем.

Стапчето за брис ќе треба да пробие повеќе слоеви на ткиво, да помине низ коската и да влезе во крвните садови за да ја достигне крвно-мозочната бариера.

„Назалниот брис не може да достигне крвно-мозочна бариера без примена на значителна сила со што би се пробиле неколку слоеви на ткиво и коска. Во пракса, никогаш не сме виделе компликации од брисевите", изјави неврологот Лиз Култхард, член на управниот одбор на Британското здружение за невронауки (BNA).

Назалниот брис открива коронавирус во задниот дел на носната празнина и е една од техниките за земање брис.

Комбиниран брис од нос и грло рутински се користи за тестирање на COVID-19 во Велика Британија.

„Земавме брисеви на многу пациенти додека работев во болница. Покрај тоа, секоја недела ги правам тие брисеви на себе. Чудно е да имате нешто толку длабоко во носот - може да почувствувате чешање или скокоткање, но брисот за нос не треба да биде болен“, вели д-р Том Вингфилд од Факултетот за тропска медицина во Ливерпул.

Ваквите лажни тврдења започнаа да се појавуваат во САД околу 6 јуни и се раширија низ целиот свет преку Facebook - истите лажни графикони беа споделени на романски, холандски и португалски објави.

Нема да се заразите преку сетот за тестирање

Објавите за контаминирани сетови за тестирање за коронавирус се всушност погрешно протолкувани.

Имено, ова се објави за неефикасни тестови, кои се случиле поради слабо завршена работа во американскиот Центар за контрола и превенција на болести (CDC) на почетокот на пандемијата. Тоа не значи дека ќе се заразите ако се тестирате, објави BBC.

Колку е штетно ширењето на дезинформации покажува фактот дека новинарскиот текст со наслов „Сакаш COVID-19? Еве како да го добиеш!“ за наводно контаминираните сетови за тестирање, објавен оваа недела на фан-страницата на репортерот на Fox News, Такер Карлсон, беше споделен над 3.000 пати.

Зошто да не можам да дишам додека ми земаат брис?

На социјалните мрежи се рашири меме во кое се прашуваше: „Ако короната навистина се пренесува со дишење, зошто да не можам да дишам додека ми земаат брис? Зошто мора да го туркаат стапчето во задниот дел на носот?“. Ова имаше над 7.000 интеракции на Facebook и Instagram.

Коронавирусот се шири кога заразено лице кашла или кива, предизвикувајќи капките да се шират низ воздухот. Ова не значи дека само со дишење на стапчето додека ви земаат брис од нос може да се собере доволно материјал за лабораториски тест.

Службата за јавно здравје на Англија откри за BBC кој брис дава поточни резултати - од нос или од грло.

Ако само дишете на стапчето додека ви земаат брис, честичките на вирусот може да не се фатат. Меѓутоа, ако го се турне стапчето во носот или грлото и се сврти на заразената област, поверојатно е дека ќе се „нафати“ заразен материјал.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Здравје

Како да го намалите нивото на кортизол во телото ако постојано сте под стрес?

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more
 

Магазин

Стјуардеса ги откри најдобрите места за деца и зошто родителите со бебе не треба да летаат ноќе

Читај повеќе
  • play_arrow

Рецепт на денот: Ќофтиња со кашкавал и зеленчук

Читај повеќе

Како да го намалите нивото на кортизол во телото ако постојано сте под стрес?

Читај повеќе

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Читај повеќе

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Читај повеќе

Која храна содржи најмногу пластика?

Читај повеќе

Стевчо собра повеќе потписи од гласови – поразот главна тема на социјалните мрежи

Читај повеќе

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Читај повеќе
  • play_arrow

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Читај повеќе