Сексологот Трејси Кокс тврди дека жените како што стареат се подобри љубовници, а на мажите годините не им се важни туку тоа што ги привлекува е изгледот.
Резултатите од ова истражување ги објави и Daily Mail, а истите покажуваат дека на мажите всушност не им се важни годините на жените, односно дека најмногу внимание му посветуваат на изгледот.
Заклучокот е дека жените со текот на годините стануваат подобри љубовници бидејќи точно знаат што прават, а тоа може да се припише на искуството.
Тие лесно преземаат иницијатива, не се брзат, гласно кажуваат што им се допаѓа, самоуверени се и не им е незгодно да даваат насоки.
Во текот на истражувањето, група од 20 испитани мажи бирале фотографии на жени во четириесеттите години, наведувајќи дека тие им се најпривлечни иако меѓу фотографиите имало и жени кои биле значително помлади.