Дали знаеш дека Амстердам има етички кодекс за ноќни клубови?

Амстердам е еден од малкуте градови што имаат ноќни градоначалници. Ако ова ти звучи чудно, тоа е затоа што оваа функција ја има само во градови со исклучително развиен ноќен живот.

Амстердам е првиот град во светот што почна да ја создава оваа титула на „ноќен градоначалник“. Музичкиот колектив „De Nachtwacht“ или „Ноќните чувари“ бил составен преку избори одржани во мултимедијалниот простор Парадизо во Амстердам, со иницијален мандат од три години. Во 2014 година оваа титула станала институционализирана, односно добила советодавна улога во градската власт на градот Амстердам. По Амстердам следувале и други градови во Европа и во светот.

Една од најважните работи што ноќниот градоначалник ги направил е воспоставување на таканаречената „клупска етика“. Ова било првпат во историјата на Амстердам клубовите заедно да работат кон пишување клупска политика за тоа како нивните клубови да станат поинклузивни и социјално побезбедни простори. На овој етички кодекс му претходело огромно истражување преку кое се открило дека многумина не се чувствуваат безбедно или вклучено во ноќниот живот. Иако било тешко, клубовите се согласиле да направат одредени промени во својата организација за да обезбедат подобра и побезбедна клупска средина за сите посетители

Сега, „Ноќните чувари“ и ноќниот градоначалник се залагаат нивниот етички кодекс да стане задолжителен протокол во сите клубови, слично како што сите клубови имаат законски утврден протокол во случај на пожар.

Дел од одредбите во овој клупски етички кодекс се:

„Во овој клуб е безбедно да бидеш оној/онаа кој/а навистина си.“

„Овој клуб е посветен на грижа за безбедноста на сите пред, за време на и по времетраењето на програмата на организираните настани.“

„Дискриминацијата не смее да биде дел од политиката на вратарите.“

„Сите облици на недолично однесување можат безбедно и анонимно да бидат пријавени кај клупскиот персонал. Процесот како се прави ова, мора да биде јасно видлив и разбирлив за сите посетители.“

Би било супер кога еден ден и кај нас би имало ваков кодекс и ваков градоначалник, а дотогаш на вас преостанува да дадете сè од себе да си го остварите сонот и да посетите некој од овие култни клубови. А, можете и да учествувате во наградната игра на Шпаркасе Банка за сите млади со пакет Vibe On, и освен во Амстердам, да освоите патување за двајца и во Берлин. Не звучи лошо, нели? Информирајте се повеќе на sparkasse.mk.

реклама

Почна заверката на пензионерските билети на ЈСП за 2026 година

Read more

Ariston отвори фабрика вредна 75 милиони евра во Србија, ќе извезува во неколку европски земји

Read more

Германија го менува курсот: Што наумил Мерц?

Read more

Што одбра Бугарија да стави на евро монетите?

Read more

Живот

Цицаат струја: Кои уреди треба да ги исклучите пред да излезете од дома?

Read more

Која храна никогаш не треба да ја комбинирате со магнезиум?

Read more

Како Нордијците наоѓаат светлина во најтемните месеци и ја победуваат зимската меланхолија?

Read more

Кои хороскопски знаци ќе ја завршат 2025 година со голем успех?

Read more
 

Магазин

Храна за подобро здравје на цревата, по препорака на нутриционисти

Читај повеќе

Портокалот и неговите придобивки

Читај повеќе

За Свети Никола: Посна верзија на руската салата

Читај повеќе

Цицаат струја: Кои уреди треба да ги исклучите пред да излезете од дома?

Читај повеќе

Хороскопски знаци на кои ќе им се смени среќата во љубовта до крајот на 2025-та

Читај повеќе

Ран знак на деменција што често се игнорира

Читај повеќе

Која храна никогаш не треба да ја комбинирате со магнезиум?

Читај повеќе

Ендокринолог препорачува што треба да јадете по 50-тата година

Читај повеќе

Посен подварок со суви сливи за Свети Никола

Читај повеќе