Дали знаете колку хартија треба да се рециклира за да се спаси едно дрво?

МИА/КАЈГАНА
/ 13.07.2020 / 11:40

Селектирањето на отпадот и грижата за животната средина во која сите заедно живееме, почнува од секој од нас. Никој друг не може да го земе пластичното шише од вашиот дом и да го фрли во контејнерот за селекција освен вие самите, а вашиот избор не е само ваш, туку и избор за тоа како ќе живеат вашите деца. Ако не за себе, направете го тоа за нив!, порачуваат од Пакомак од каде поворно упатуваат совети за правилно селектирање отпад.

Во спротивно, велат оттаму, стаклениот, пластичниот и хартиениот отпад завршуваат на депониите кои имаат ограничен капацитет, каде скапуваат и ги загадуваат водата, воздухот и почвата во која ја растеме храната за нас и нашите деца.

Сите вредности за кои се бориме во нашето општество, посочуваат од Пакомак, директно зависат од изборот дали ќе го направиме малиот напор да го селектираме отпадот.

„Борбата за природата и дрвјата во нашите населби, водата, електричната енергија, зависат од тој избор. Дали знаете дека со рециклирањето на отпадот се заштедува многу електрична енергија? Или дека со само 60 кг рециклирана хартија спасувате едно дрво?“, истакнуваат од Пакомак.

 

„Секој би требало да има на ум дека со заштитата на животната средина – се штити себеси. Кога ќе ја достигнеме свеста дека е неопходно да ја чуваме околината во која живееме, парковите, игралиштата, излетничките места, шумите, езерата и живиот свет, ќе сфатиме дека само така го зачувуваме сопственото здравје. Посебно сега, кога контејнери за селекција има во секоја населба, ја имате можноста да бидете промената што сакате да ја видите во општеството. Потребен  е минимален напор да се селектира отпадот, а разликата е огромна“, смета Ико Брдароски, менаџер за грижа на корисници во Пакомак.

Во ЖОЛТИОТ контејнер за пластика фрлете ги пластичната амбалажа и лименките. Тука спаѓаат и шишињата од детергенти, омекнувачи, оцет и масло.

Во ЗЕЛЕНИОТ контејнер за стакло фрлете ги стаклените амбалажи од шишиња и тегли.

Во СИНИОТ контејнер за хартија фрлете ги амбалажите од хартија. Тука спаѓа и тетрапак отпадот, како пакувања од млеко, сокови, сосови… А доколку имате поголема количина на амбалажен отпад во вашиот дом, повикајте ги службите на локалното јавно претпријатие да ја превземат.

 

Заедно, велат од Пакомак, да бидеме промената што сакаме да ја видиме во општеството и да изградиме подобра и почиста иднина за нашите деца.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Живот

5 лекции што најуспешните деца ги учат од родителите

Read more

Совет здравје вреден: Како да разликувате рециклиран убрус од направен од чиста целулоза?

Read more

Дали би платиле 2.000 евра за Лагото Ромањоло – куче кое наоѓа тартуфи?

Read more

Зошто корпите за алишта имаат дупки?

Read more
 

Магазин

Личен тренер откри колку протеини дневно треба да внесуваме за успешно слабеење

Читај повеќе

Лекарка предупредува на 4 симптоми на смртоносен рак што не смее да се игнорираат

Читај повеќе

5 лекции што најуспешните деца ги учат од родителите

Читај повеќе

Посипете маслиново масло врз ловоров лист и ќе се изненадите колку е моќен

Читај повеќе

Граѓаните на ЕУ повеќе претпочитаат печатени отколку електронски книги

Читај повеќе

3 најлоши постапки што можете да ги направите ако дознаете дека партнерот ве изневерил

Читај повеќе

Совет здравје вреден: Како да разликувате рециклиран убрус од направен од чиста целулоза?

Читај повеќе

Дали би платиле 2.000 евра за Лагото Ромањоло – куче кое наоѓа тартуфи?

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

„Село на духови“ кое стана популарна туристичка атракција

Читај повеќе